Под силно полициско обезбедување денеска во скопската населба Бутел беше поставен камен темелник за крст кој според најавите ќе биде готов за два месеца. Крстот е донација на Светскиот македонски конгрес. На настанот присуствуваа архипископот г.г. Стефан и министри и градоначалници.