Подлабока политичка и безбедносна криза ја чека Македонија доколку се опстои на одлуката Собранието да се распушти и да има избори на 24 април, велат аналитичарите.
Со можни немири, дестабилизација и сите тие процеси апсолутно ќе ги блокираат и реформите и економскиот развој, но што е најважно ќе се етаблира еден систем којшто нема да биде ниту демократски, уште помалку ќе води сметка за интересите на државата.Павле Трајанов, пратеник.
Пратеникот Павле Трајанов од Демократскито Сојуз апелира Парламентот да ја поништи одлуката за самораспуштање, за да се спречи хаос.
„Со можни немири, дестабилизација и сите тие процеси апсолутно ќе ги блокираат и реформите и економскиот развој, но што е најважно ќе се етаблира еден систем којшто нема да биде ниту демократски, уште помалку ќе води сметка за интересите на државата“, вели Трајанов.
Тој додава дека инситирањето на избори на 24 април ќе одведе до тоа ОБСЕ/ОДИХР и другите меѓународни организации да не го набљудуваат избирачкиот процес, тоа да го сторат и домашните организации кои мониторираат избори, а можо е да бидат повлечени и членовите од опозицијата во ДИК и во избирчаките одбори.
Професор Нано Ружин вели дека доколку Собранието остане на одлуката да се распушти до полноќ, избори во април ќе ама, а на нив ќе се добие влада која на ниту еден начин нема да може да се контролира.
„На тој начин Македонија би паднала во една политичка и безбедносна криза, затоа што претпоставувам дека незадоволството на граѓаните од опозицијата би се манифестирало и на друг начин пред сè на улица, потоа претпоставувам би следел одговороот на власта која сега осилена и еднопартиска би ги зголемила притосиците и врз поединци и врз медиуми и врз инситуции, секако тоа би предизвикало незадоволство на меѓународната заедница, еден вид изолирање на Македонија, пред сè на нејзината владејачка гарнитура“, вели Ружин.
Второто сценарио, според него, е со помош на меѓународната заедница изборите да се одложат, односно Собранието да ја повлече одлуката за распуштање. Но за Ружин сменуваниот 5 јуни е премногу блиску и не верува дека до тогаш ќе се разрешат проблематичните прашања. Како трето опција е одлагање на изборите додека не се постигне одржлив демократски амбиент.
Доколку Парламентот се распушти денеска, пратениците ќе може да заседава само ако не се прогласи вонредна или воена ситуација.