Обама: Русија да ги прекине нападите во Сирија
Барак Обама побара од Русија да ги прекине бомбардирањата врз „умерените бунтовници“ во Сирија. Тој ова го побарал за време на телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин само два дена откако големите сили во Минхен се договорија за запирање на непријателствата во Сирија.