Достапни линкови

Реџепи - ИВЗ е браникот од радикалниот ислам


Реџепи - ИВЗ е браникот од радикалниот ислам
please wait

No media source currently available

0:00 0:09:33 0:00

Реџепи - ИВЗ е браникот од радикалниот ислам

По распадот на Југославија во воведувањето на повеќепартискиот систем почна да се појавува радикално толкување или верско-политичко движење од Блискиот Исток и на овие простори. ИВЗ беше единствената која се бореше против тоа, вели Сулејман ефенди Реџепи, реис ул улема на Исламската верска заедница на Македонија во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Господине Реџепи, дали како поглавар на Исламската верска заедница се чувствувате загрозен во момент кога зборуваме дека во Македонија има радикален ислам? Вие веќе неколку пати кажувавте дека две џамии не се под контрола на ИВЗ.

Што се однесува до радикалното движење или поинаку претставување и толкување на исламот на подрачјето на Република Македонија и пошироко на Балканот, навистина по распадот на поранешна Југославија, по доаѓањето на таканаречениот повеќепартиски систем, политички плурализам, некако почна и тоа радикално толкување или верско-политичко движење од Блискиот Исток и на овие простори. И навистина од прв миг ние како Исламска верска заедница бевме многу гласни за тоа, забележавме и баравме со заеднички сили, значи самата ИВЗ и надлежните државни органи да бидеме контакти, единствени во тоа и да го стопираме таквото инволвирање во Македонија. За жал, кај надлежните државни органи веројатно имаше сознанија, но некако, со оглед дека јас бев транспарентен и многу гласен, тие некако го запоставија тоа и таквото движење се појави во Македонија. Единствена која се бореше против тоа, со сета одговорност кажувам пред јавноста, беше Исламската верска заедница.

Во акцијата на МВР „Ќелија“ беше уапсен и еден од имамите. Дали станува збор за еден од идеолозите кој врбувал борци за кризните земји или имате резерви кон оваа полициска акција?

Ние навистина не успеавме да имаме точно сознание, меѓутоа секогаш се кажува, тоа значи од луѓето, од верниците, од така наречениот џемат, секогаш бевме известени дека постои такво и такво лице кое раководи со Јаја паша џамија и со Тутунзус џамија и на верниците им беше доста непријатно, меѓутоа и ние како институција не дозволивме самите верници тоа да го решат или ние сами да појдеме така, туку баравме правниот систем да профункционира и да не испадне некој скандал таму.

Има ли сè уште во овие џамии лица кои не се наши државјани и вршат проповеди таму?

Тие лица доаѓаа, можеби и денеска можат да дојдат од надвор, меѓутоа ние се обидуваме да ги контролираме џамиите. Преку муфтиствата, со оглед дека имаме 13 муфтиства, кои се основни органи на Исламската заедница на Република Македонија, и тие се единствени и едногласно го чуваат автентичниот, автохтон ислам на оваа почва и ние такви се обидуваме да влеземе во Европа, меѓутоа Европа нема да не прими како анархисти.

Реални ли се бројките дека околу 130 лица, наши државјани кои биле или сè уште се на боиштата во Сирија и дали тие се спремни да дејствуваат и на овие простори?

Јас не верувам дека има толку, со оглед дека точната бројка никој не ја знае, само се манипулира. Доколку државните органи надлежни за такви работи точно знаат колку луѓе се заминати, јас не знам што е преземено од нивна страна да ги спречиме и зошто ние како влијателна Исламската верска заедница по однос на исламот и муслиманите во Македонија, зошто ние да не бидеме известени, а верувајте дека ние ќе дејствувавме превентивно и нашиот глас ќе се послушаше.

Целото интервју со реисот на ИВЗ Сулејман ефенди Реџепи може да го погледнете во видеото на почетокот на овој текст.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG