Достапни линкови

Лидерите „носат“ најмногу поени


Најмногу коментари и постови следуваа по неуспехот на политичките лидери во Пржино да се договорат за датумот на изборите. Коментари предизвика и приказната на старицата Рамзена Конеска која нема телевизор, ниту радио, слепа е на едно око, а УЈП Битола ѝ ја блокирала сметката поради неплатена РДТ.

И денешниов преглед на вашите пораки, почитувани, е комбинација од коментарите и постовите на нашата веб-страница и на Фејсбук страницата на РСЕ.

Твоите уши не слушаат, твојот мозок не прима информации за криминал, не чувствуваш како живееш, ти немаш идеали.
Коментар на читател.

Главно доминираат реакциите по неуспехот партиските лидери, со помош на странците, се разбира, да се договорат дали вонредните избори да се одржат на 24 април или не. И, како и секогаш, се развива полемика, особено на Фејсбук страницата меѓу симпатизерите или членовите на двете најголеми партии. И, како и секогаш, лидерите „носат“ најмногу поени.

Како заеднички именител на стотиците постови на тема избори или не, ги издвојуваме оние на Горан Дивјакоски: „Па чим не сакаат тогаш нема потреба од други избори, владата може слободно да ги заземе своите министерства и да побара одговорност од сите што ја направија оваа криза...“ или на Светлана Качакова: „Нема договор, нема оставка!“ и Дејан Димковски: „Твоите уши не слушаат, твојот мозок не прима информации за криминал, не чувствуваш како живееш, ти немаш идеали!“, или на Анис Версаче: „Тачи, Ахмети, Грујо - три хиени ништо на лавот Заев не му можат, напред Зајкооо!“

А според постовите на Фејсбук, на граѓаните им е јасно дека: „Власта манипулира со народот. Сè додека списоците не се прочистат, не може да има избори!“ - напишала Благица Јовановиќ. А Крстев Иван налутен: „По цел ден ни прават застој во сообраќајот на уличаката... отекоа веќе... И Хан, и Груевски и Заев... ќе се заколат за власт, дај бе, бателете се веќе од Пржино!!! Уво не ме боли за ниту еден од вас!“

Оправдувањето на Груевски по средбата со Хан дека нема време да дава изјава оти треба да пушта фабрика на многумина на Фејсбук им служи за потсмев: Виолета Вацева напишала: „Добро е што не е тениско игралиште“, Џо Џо вели: „Хе, хе, шу праиме со толку фабрики, ќе треба работници да увезуваме...“ а Аднан Зекири ставил само еден голем Смешко засркнат од смеење...

Како за крај, тажната приказна на Размена Конеска од село Подвис, општина Кривогаштани: 86-годишна, не гледа на едното око, дома нема телевизор, а УЈП Битола ѝ ја блокирала сметката поради неплатена РДТ! Коментарите на нашата веб-страница се следниве: од Незабеган: „Од 2006 па наваму, сè е можно во оваа чудесна Македонија“ и од Баже: „Е, моја чудесна Македонка!“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG