Меѓу уапсените бил и Кемал Муриќ за кој се сомнева дека бил водач на групата чии припадници биле уапсени при претреси во населбите во близина на Рајловац каде што пред два месеца се случи терористички напад во кој беа убиени двајца босански војника.
Ваквата акција во близина на последниот терористички напад, според Владо Азиновиќ, професор за прашања поврзани со тероризмот од Сараево, не ја исклучува можноста дека цел биле оние што помогнале во радикализацијата на Енес Омерагиќ кој го изврши нападот.
Тоа, како што додава, значи дека фокусот на дејствувањето на овие групи е изместен од очекуваните локации.
Тоа ние го забележуваме во истражувањето на овој феномен во последно време. Всушност традиционалните селафистички заедници во Маоча, Ошвам и Дубница служат само како некаков вид параван за многу посериозни работи кои се случуваат во други места во Босна и Херцеговина.Владо Азиновиќ, професор од Сараево
„Тоа ние го забележуваме во истражувањето на овој феномен во последно време. Всушност традиционалните селафистички заедници во Маоча, Ошвам и Дубница служат само како некаков вид параван за многу посериозни работи кои се случуваат во други места во Босна и Херцеговина“, вели Азиновиќ, додавајќи:
„Сараево во последно време станува средиште на тие активности. Втора интересна работа е дека бил извршен претрес во некои објекти за кои се знае дека во нив напаѓачот во Рајловац се сретнувал со истомисленици“, вели Азиновиќ.
Според него, акцијата веројатно била насочена против можните идеолошки инспиратори на тој напад, што е позитивен напредок.
Азиновиќ додава и дека акцијата во вторникот била превентивна со оглед на тоа што исламските радикали имаат негативен став спрема претстојните празници на другите верски заедници.
„Ваквите акции се мал дел одрешението, бидејќи радикализацијата и се што произлегува од неа, е поширок општествен проблем. Тоа е затоа што заедницата не е поврзана со државата. Радикалните групи пропагирајќи фундаменталистичка идеологија се ставаат во одбрана на некаков идентитет што не го нуди државата“, вели професорот на Факултетот за криминологија во Сараево Горан Ковачевиќ.
Според него, не биле проблем само „вехабиите“, туку и политиката која ги довела и ги одржувала досега.
„Решавањето на оваа криза е повикување на одговорност на оние што една воена приказна и феноменот на муџахедините го претворија во мирновременска приказна за селафии и не ставија во ситуација да бидеме на самиот врв несигурни држави“, вели Ковачевиќ.
Босанското министерство за внатрешни работи соопшти дека повеќе од 150 Бошњаци се бореле на страната на милитантите на Исламската држава во Сирија и Ирак во текот на изминатите неколку години.
Од нив над 50 се вратиле во Босна и Херцеговина, додека скоро триесетина загинале во тамошните борби.