Во текот на зимава неколкупати жителите од битолската ромска населба Баир со запален смет го блокираа магистралниот пат над Битола, кој Прилеп го поврзува со Ресен, барајќи од ЕВН да се нормализира снабдувањето со струја. Жителите се жалат дека понекогаш остануваат со денови без струја.
Најважно е да добиеме струја. По десет дена понекогаш немаме струја. Кога ќе се јавиме, ќе ја пуштат еден час, а потоа ја нема. Одиме на пазар, купуваме зеленчук, ќе ставиме во ладилник, ќе се расипи без струја и го фрламе.жител на битолската населба Баир.
„Најважно е да добиеме струја. По десет дена понекогаш немаме струја. Кога ќе се јавиме, ќе ја пуштат еден час, а потоа ја нема. Одиме на пазар, купуваме зеленчук, ќе ставиме во ладилник, ќе се расипи без струја и го фрламе.“
„Пред неколку дена имавме несреќен случај овде, мртовецот го чувавме цела вечер во темница.“
„Канализација немаме овде, вода немаме. Услови за живот немаме никакви. Не само градот да се среди, туку и овој народ да се среди. Зошто да живееме во шупи? Зарем ова дете не сака да учи? Дала сака домашно да пишува? Како кога нема струја?“
„Апелирам до сите на овој народ овде да му се помогни. Да не се манипулира цело време со струјата“, реагираат жители од Баирот.
Дел од нив кампањата за еднократен отпис на долговите на корисниците на социјална помош што ја спроведе Владата, ја сфатиле како долготрајна мерка дека можат да трошат струја, а да не плаќаат.
„Ние земаме социјална парична помош. Ние сме ослободени од плаќање струја. Има повеќе луѓе од тука кои имаат решение да не плаќаат струја“, вели Музафер Исовски.
Од ЕВН соопштија дека големата и неконтролирана потрошувачка на струја во тој дел на Битола предизвикува проблеми кај трафостаницата, иако е реновирана.
Портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачевски, вели дека во тој дел од градот се соочуваат со неовластено користење на струја и самоприклучување што предизвикува оптоварување на мрежата и штета. Нивни екипи ќе направат контрола со цел откривање на самоволно приклучени корисници на струја“, изјави Ковачевски.