Достапни линкови

Општина Тетово празнува селективно?


Прослава на Денот на албанското знаме во Тетово.
Прослава на Денот на албанското знаме во Тетово.

На 19 ноември, кога се одбележува Денот на ослободување на Тетово од фашистичката окупација, со години наназад нема претставници на општината.

Во текот на ноември во Тетово се одбележаа неколку историски датуми, но општината доби критика од дел од граѓаните дека е селективна во празнувањето на деновите.

Не може, а да не укажеме на несфатливоста на односот на локалната самоуправа кон овој празник. Општината со свои органи и тела има обврска да биде носител на сите државни и локални празници, а со тоа и на 19 ноември.
Стојан Петрушевски, Сојуз на борци од Тетово.

На 19 ноември, кога се одбележува Денот на ослободување на Тетово од фашистичката окупација, со години наназад нема претставници на општината, а воедно локалната самоуправа не дава каква било поддршка на празнувањето, вели Стојан Петрушевски од Сојузот на борци од Тетово.

„Не може, а да не укажеме на несфатливоста на односот на локалната самоуправа кон овој празник. Општината со свои органи и тела има обврска да биде носител на сите државни и локални празници, а со тоа и на 19 ноември“, истакна Петрушевски.

Од друга страна, општината ја поддржа манифестацијата „Тетово го слави ноември“. Во текот на месецот со повеќе различни настани се одбележуваа 22 ноември - Денот на албанската азбука и 28 ноември - Денот на албанското знаме.

„Во принцип, на сите манифестации имаме делегации. Може да се случи некој пропуст, ама во принцип имаме добра соработка со Сојузот на борците. Ги имам примено неколку пати. Нема тенденциозно нешто од тој аспект“, објаснува градоначалничката Теута Арифи.

Професорката по мултикултурализам, Маја Мухиќ, вели дека тоа што секој празнува свој празник е придонес и доказ за мултикултурализмот, а уште подобра работа е заедничкото одбележување на празници и одредени денови.

„Дефинитивно да се залагаме за празници кои заеднички ќе се празнуваат, тоа би била една апсолутна убава аспирација кон која треба да се стремиме“, смета професорката.

Општината го одбележува 3 март како свој ден, а повод е формирањето на првиот повеќепартиски совет. На Денот на општинскиот празник, граѓани од сите заедници кои дале значаен придонес во одредена област добиваат пригодни признанија.

XS
SM
MD
LG