Достапни линкови

Злоупотреба на загриженоста на граѓаните за нивниот џеб


Се задолжува само тој што нема, ако се задолжуваат за други работи, зошто не и за плати и за пензии, коментираат граѓаните. Само двајца во земјава знаат какви се финансиските состојби и на кој начин се користат навистина државните пари, вели Џевдет Хајредини.

Политичките препирки околу последното задолжување на Владата во име на навремена исплата на плати и пензии, се класична злоупотреба на стравот на граѓаните за нивниот џеб. Проблемите кои настанаа, толкувањето на причините за задолжувањето и употребата на ветото, го откриваат во јавноста лошото менаџирање со јавните пари велат аналитичарите.

Па се трошат парите за непродуктивни цели, еден дел од тие пари се крадат со години и се пренасочуваат во нивните џебови на странски сметки.
Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини вели дека парите од задолжувањето не се наменети за плати и пензии.

„Овој пат тие тоа го покажаа како недостиг на средства за плати и пензии, што не е точно, треба да знаеме за што точно парите од буџетот се користат, тоа тие не сакаат да зборуваат но сега ќе се види, на ниво на година, тие секогаш велеа дека буџетот е во добра кондиција, што значи собраните приходи се доволни за покривање на сите расходи. Тоа испаѓа сега дека не е точно и затоа се принудени да се задолжуваат“, вели Хајредини.

Граѓаните се со поделени ставови околу прашањето дали треба Владата да се задолжува за да се исплаќаат пензии и плати на јавна адмнистрација. Дел од анкетираните во нашиот Хајд парк дека овој принцип на задолжување се покажал како одржлив.

Хајд Парк - Дали се потребни задолжувања за плати и пензии?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:42 0:00

„Па ако треба ќе се задолжи.“

„ Треба, затоа што тоа е вообичаена пракса со години претходно.“

Додека, пак, други велат дека само тој што нема пари се задолжува.

„Сигурно дека не треба, ама никој што има пари не се задолжува.“

„ Зашто да не, ако се задолжува за други работи, зашто да не и за плати и пензии.“

„Не треба, затоа што Македонија е мала земја и има доволно пари, треба само подобра стратегија“, велат анкетираните граѓани.

Забелешките на Европската Комисија дека во Македонија нема траспарентност во управувањето со Буџетот укажува дека само двајца во земјава знаат какви се финансиските состојби и на кој начин се користат навистина државните пари, објаснува Хајредини.

„Па се трошат парите за непродуктивни цели, еден дел од тие пари се крадат со години и се пренасочуваат во нивните џебови на странски сметки“, вели Хајредини.

Последното задолжување на Владата со 73 милиони евра наместо планираните 100 милиони, отвори политички судир меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во кој беше инволвиран и банкарскиот сектор.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG