Достапни линкови

Се распаѓа архитектонскиот бисер на Битола


Се распаѓа Офицерскиот дом во Битола. Беше во надлежност на министерствата за култура и одбрана, па беше даден на користење на Општина Битола. Сега од општината велат дека и е вратен на Владата.

Искршени стакла од врати и прозорци, фасада со влага, испишани ѕидови, откорнат паркет, електрични уреди, плочки, внатрешни простории полни со измет и смет. Вака денес изгледа најграндиозниот бисер на битолската архитектура, Офицерскиот дом, на Широк Сокак. Вратите низ кои во минатото влегувале само одбрани луѓе денес се ширум отворени, па домот станува засолниште за бездомници. Битолчани коментираат дека ова е срам за градот, на забот на времето да биде оставен споменик на културата.

Голем срам. Дали има некој да поведи сметка за објектот? Локалната власт се бранеше дека е на државата, потоа рекоа дека ќе им го пренесат нив, па сега не знаеме на кого е. Ова беше украс на градот. Тука одевме на игранки, за почит беше. Стара градба е. Ако се продолжи со негрижа ќе се распадне.
анкетиран граѓанин на Битола.

„Голем срам. Дали има некој да поведи сметка за објектот? Локалната власт се бранеше дека е на државата, потоа рекоа дека ќе им го пренесат нив, па сега не знаеме на кого е. Ова беше украс на градот. Тука одевме на игранки, за почит беше. Стара градба е. Ако се продолжи со негрижа ќе се распадне.“

„Многу ми е мака за Офицерскиот дом во Битола. Нашиот бисер пропаѓа. Таму пред две години имаше театарски претстави. Како Битола си дозволува еден таков бисер да остане на маргините, никој да не се интересира и да води сметка?“, велат анкетираните граѓани.

Објектот досега промени неколку сопственици, а сè уште наликува како да е без стопан. Беше во надлежност на министерствата за култура и одбрана, па беше даден на 22-годишно користење на Општина Битола. Сега од општината велат дека и е вратен на Владата. Изграден бил од Абдул Керим–паша во 1911 година. Се посочува како место каде некогаш се одржувале битолските балови. Од стариот сјај денес го зачувал само раскошниот лустер кој тежи околу еден тон и има 176 светилки.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG