Соединетите држави притискаат на поголем ангажман од сојузниците во борбата против милитантите на Исламската држава. Тоа, како што се оценува во Вашингтон, е неопходно по низата терористички напади за кои одговорноста ја презеде оваа екстремистичка организација.