Убиецот на двајцата војници во БиХ се самоубил
Енес Омерагиќ кој синоќа во сараевската населба Рајловац убил двајца војници и ранил неколку други лица, се самоубил во својата куќа која била опколена од полицијата. Според босанската полиција тој го сторил тоа со активирање експлозив. Омерагиќ бил познат како припадник на селафистичкото движење.