Достапни линкови

Нема пат да се види историјата на Кајмакчалан


На Кајмакчалан се воделе најжестоките битки од Солунскиот фронт и каде до денес се зачувани скривници, магацини, болници од Првата светска војна, но достапни се само за оние најупорните.

Одвај прооден земјен пат води до врвот Кајмакчалан на планината Ниџе, каде поради лошата инфраструктура одвај достапен за посетители е теренот богат со историско минато и природни реткости. Станува збор за терен каде пред еден век се воделе најжестоките битки од Солунскиот фронт и каде до денес се зачувани скривници, магацини, болници од Првата светска војна, кои претставуваат одлична основа за развој на меморијален туризам. Но, достапни се само за оние најупорните кои ќе одлучат да поминат три часа со теренско возило низ пат кој пред еден век го граделе Французите, а денес од ерозијата и неодржување епронижен со огромни кратери. Од Битола до Кајмакчалан има 72 километри од кои половината не се асфалтирани.

Има огромен број на туристи, на луѓе кои сакаат да дојдат таму, но не можат бидејќи нема добар пат, треба цел ден да го искачуваат врвот. Важно ни е да се направи патот до Кајмакчалан.
Зоран Жугиќ, Заедница на Срби.

Од битолскиот огранок на Заедницата на Срби сметаат дека поради историските јубилеи кои следат, а и за туристички развој на местото неопходно е да се асфалтира патот.

„Годинава е 99 години од Кајмакчаланската битка, до година ќе биде 100 години, па имаме 2018 година сто години од завршувањето на Првата светска војна. Сметаме дека како заедница, како општина Новаци и држава Македонија мораме да го искористиме моментот, квантумот, мора да направиме што повеќе проекти за Кајмакчалан да биде достапна планина и сите да имаат благодети. Има огромен број на туристи, на луѓе кои сакаат да дојдат таму, но не можат бидејќи нема добар пат, треба цел ден да го искачуваат врвот. Важно ни е да се направи патот до Кајмакчалан“, вели Зоран Жугиќ од Заедницата на Срби.

Во соработка со Општина Новаци и српскиот конзулат во Битола веќе е покрената иницијатива за категоризација на патот, што е воведен чекор кон негово идно санирање. До тогаш, во местото најчесто уживаат планинарите.

„Оние кои планинареле знаат дека со теренски возила најчесто ги префрлуваат под Сива Стена, тоа не место на сама грчка граница, ја искачуваат стената, па потоа со пешачење преку Старков гроб се стигнува до врвот Кајмакчалан на планината Ниџе“, додава Жугиќ.

На Кајмакчалан се наоѓа костурницата во која се собрани коските на војниците од Солунскиот фронт кои останаа без гробови, како и манастирот „Свети Петар“ каде се чуваше срцето на докторот по криминологија Рајс. На планината загинаа Срби, Французи, Бугари, но и многу Македонци кои без мобилизирани од двете завојувани страни, а до денес не добиле ни едно обележје на Кајмакчалан.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG