Маурин Бахаус од Холандија, Фелипе Кастелбланко од САД/Велика Британија, Италијанецот Алесандро Фонте, Шанет По од Полска/Германија, Јетон Муја од соседно Косово и Грузиецот Нино Ломадзе како членови на уметнички мултикултурен колектив БАУМ и нашите Игор Сековски и Ѓорѓе Јовановиќ како нивни гости се уметниците чии дела ќе се најдат на изложбата „Утопија – добро место или не место“ („Utopia = Good Place or No Place“) што од 20 октомври до 5 ноември се одржува во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, во Скопје.
Статуата на корејскиот диктатор Ким Ил Сунг се користи како симбол на визионерски владетел, а распоредот на неговата скулптура во разни димензии и места на самото дело асоцираат на непланскиот распоред на скулптурите и објектите на и околу Плоштадот.Игор Сековски, уметник.
Проектот цели кон делумно разобличување на оваа толку генерална тематика – Утопија, особено во денешните неолибералистички или квази неолибералистички општества, а се состои од мултимедијални проекти, меѓу кои видео инсталации, инсталации, site specific објекти, дигитални принтови и перформанси.
Ана Франговска, куратор на оваа постановка, забележува дека идејата за да се земе Утопијата како концепт е честопати повторувана во историјата на уметноста и воопшто бидејќи утописките теми секогаш биле и се многу интересни за размислување кај уметниците бидејќи тие се индивидуи кои што се општествено освестени и коишто сакаат да реагираат на актуелните состојби коишто се случуваат од нив без оглед на тоа дали станува збор за критика на реалните случувања од секојдневието или, пак, станува збор за жед за некакви утопистички идеи за подобро утре. За подобро општество, за подобра комуникација меѓу луѓето итн.
„Во тој контекст се и голем дел од делата кои што се претставени на оваа изложба, односно делата на меѓународната група БАУМ и македонските претставници Игор Сековски и Ѓорѓе Јовановиќ. Си одговараат. Одговараат на тоа колку можеме ние критички да се обратиме на нашата сегашност или, пак, од друга страна нудат некакви алтернативи за некаква подобра и посветла иднина. За време на одржувањето на изложбата нашата Галерија ќе биде место за уметност, за образование, живот, утопија која го критикува своето општество, но и го преиначува тоа општество во уметничко дело, односно во своеврсна утопија. Додека нашата изложба е во галеријата, таа ќе биде место за уметноста, образованието, живот и утопија која некако го критикува своето општество, но и го преиначува тоа општеството во уметничко дело, во утопија“, вели Франговска.
Уметникот Игор Сековски вели дека на изложбата се претставува со делото „Визионер“ од 2009 година кое се однесува на владиниот проект „Скопје 2014“ кој се реализација во изминатава половина декада како најголема инвестиција на македонската влада.
„Делото е создадено уште кога проектот беше во зачеток и се однесува на визијата на владеачката партија за еден многу стар и поубав град со нов идентитет како спомен на едно владеење. Но, наспроти тоа добивме нарушен идентитет, огромен број на грандиозни кич споменици, многу објекти во квази-барок, или неокласицизам врз модернистички градби создадени пред неколку десетлетија и нови згради во истиот стил. Статуата на корејскиот диктатор Ким Ил Сунг се користи како симбол на визионерски владетел, а распоредот на неговата скулптура во разни димензии и места на самото дело асоцираат на непланскиот распоред на скулптурите и објектите на и околу Плоштадот“, вели Сековски.
Од друга страна, Ѓорѓе Јовановиќ, на „Утопија – добро место или не место“, се претставува со две дела, две инсталации.
„Едната инсталација е пред самиот влез на Галеријата и на неа е испишан текстот „Нема утопија внатре!“, а втората инсталација е дел од поставката во објектот и се работи за дело со наслов „Blowing the Wind“. На тоа дело конкретно испишувам разни размисли од пријатели, познаници, но исто така познати цитати што се однесуваат на утопијата или што значи таа за различни луѓе“, вели тој.
БАУМ е меѓународна ликовна група чие име е формирано од првите слогови на презимињата на основачите Морин Бахаус од Холандија и Јетон Муја од Косово. Во исто време, тоа е германскиот термин за „дрво“, што го симболизира начинот на работа на овој мултикултурен уметнички колектив. Инаку, начинот на работа на колективот е базиран на проекти. Во зависност од темата, уметници од различни дисциплини и култури се поканети да се придружат на одреден проектот. Притоа, темите на проектите на БАУМ често се поврзани со социјалните или човекови прашања. Затоа на нив може да се гледа како уметнички, современи и меѓународни истражувања, кои можат да се манифестираат на различни начини: на онлајн видео проект, настап во живо, на изложбата во уметничка галерија или презентација во музеј, како неодамнешниот проект „граници и граници“ во музејот МАО, дел од BIO50} хотел - проект, во текот на BIO50 Биеналето во Словенија. Структурата на групата може да биде различна со секој проект, и преку секој нов проект, мрежата на колективот се проширува и расте.