Црногорската опозиција со ултиматум до владата
Црногорската опозиција која го сочинува сојузот наречен Демократски фронт синоќа постави ултиматум до владата на премиерот Мило Ѓукановиќ до 24 октомври да поднесе оставка и да овозможи формирање преодна влада. Тоа е главно барање на опозицијата од почетокот на протестите на 27 септември.