„Ќе им оставам на сојузниците и на партнерите да зборуваат за себе, но можам да ви кажам дека од нашата посета на НАТО во Брисел голем дел од разговорите беа посветени на Авганистан и на напорите да се поддржи тамошната влада“, изјави портпаролот на Пентагон Питер Кук.
Тој наведе дека секретарот за одбрана Картер бил уверен дека сојузниците ќе ја продолжат мисијата во Авганистан.
„Веќе иницирав консултации со клучните сојузници за нивната натамошна поддршка на оваа мисија“, изјави Картер, додавајќи:
Ќе им оставам на сојузниците и на партнерите да зборуваат за себе, но можам да ви кажам дека од нашата посета на НАТО во Брисел голем дел од разговорите беа посветени на Авганистан и на напорите да се поддржи тамошната влада.портпаролот на Пентагон Питер Кук.
„Го прилагодуваме нашето присуство, базирано врз условите на теренот со цел да не им оставиме простор на терористите и на екстремистичките организации“.
Според него, на таков начин Американците ќе бидат побезбедни дома.
Претходно, американскиот претседател Барак Обама изјави дека го продолжува 14 годишното американско воено присуство во Авганистан со што една од неговите задачи, повлекување на американските трупи од таа земја, ќе му ја остави на неговиот наследник во Белата куќа.
Обама имаше за цел пред неговото заминување од Белата куќа во 2017 година да ги повлече сите американски војници освен мал дел од нив кои би биле стационирани во американската амбасада во Кабул.
Според новиот план, сегашните околу 10 илјади војници во 2017 година ќе бидат намалени на пет ипол илјади и ќе бидат распоредени во Кабул, Баграм, Џалалабад и Кандахар.
Коалицијата предводена од Соединетите Држави ја заврши борбената мисија по 13 години војна на крајот од минатата година.
Од тогаш авганистанските сили се одговорни за безбедноста во земјата, секако со помош на војници од Соединетите Држави и НАТО.
Но, скоро секојдневните напади на талибанците кои накратко го зазедоа и северниот град Кундуз покажале, како што изјави и претседателот Обама, дека милитантите се уште биле способни да изведуваат смртоносни напади во Авганистан.
„Американските војници нема да имаат борбени задачи, туку ќе ги тренираат авганистанските сили и ќе обезбедуваат дали остатоците на Ал Каеда и натаму можат претставуваат опасност за Соединетите Држави“, изјави Обама.
Демократот Обама се соочи со силна критика од републиканците за безбедносните прашања откако тој ја почна политиката на забавување на војните во Ирак и Авганистан што тој ги наследи кога дојде во Белата куќа во 2009 година.
Соединетите Држави по отстранувањето на талибанците од власт во 2001 година во Авганистан имаа околу 100 илјади војници. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја поздрави одлуката на Обама како клучна во поддршката на Кабул.