Достапни линкови

Холандија: Малезискиот авион соборен со ракета „Бук“


Холандскиот одбор за безбедност денеска го објави своојот конечен извештај за падот на авионот на Малезија ерланс МХ17. Истражителите заклучиле дека авионот бил соборен од проектил земја-воздух од типот „БУК“, кој бил истрелан од источна Украина.

На прес-конференција на која говореше и холандскиот премиер Марк Руте, беше соопштено дека авионот бил срушен како резултат на детонација на боева глава, лево од пилотскта кабина. Наодите од истргата денеска беа објавени во Холандија.

Сите 298 патници загинаа при падот на Бонигот 777 на 17 јули 2014 година над источниот дел на Украина. Холанските истражители додадоа дека тогаш не требало да биде дозволено авионот да лета над Украина и дека земјата требала да го затвори својот воздушен простор. Тие истакнаа: „Никој не помисли на ризиците.“

Претходно на роднините на жртвите им беа дадени наодите, кои најверојатно ќе ги влошат и онака напнатите односи меѓу Русија и Западот.

Во извештајот беше наведено како паднал Боингот 777, но не и кој е одговорен. Летот во кој повеќето од загинатите беа од Холандија беше меѓу Амстердам и Каула Лумпур, а несреќата се случи за време на жестоки борби меѓу украинските сили и про-руските бунтовници.

Киев и Западот за падот ги обвинуваа бунтовниците, но Москва и државенот руски концерн за производство на оружје „Алмаз-Антеј“ ги отфрлаат обвинувањата, тврдејќи дека авионот најверојатно е срушен од проектилите „Бук“ на Киев.

Концернот „Алмаз-Антеј“ соопшти дека нивната истрага за минатогодишниот пад на МХ17 во источна Украина е контрадикторна во однос на онаа на Холандскиот одбор за бебедност.

Шефот на концернот Алмаз-Антеј, Јан Новиков не прецизираше дали холандскиот извештај однапред им бил даден на увид.

Во меѓувреме, холандскиот премиер Марк Руте изјави дека извештајот на холандските истражители за падот на авионот на Малезија ерлјанс МХ17 е важен за градење на кривична истрага за трагедијата.

Тој ја повика Русија на комплетна соработка со кривичната истрага предводена од холандските обвинители. Но, Москва го критикуваше извештајот како „пристрасен“. Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Ријабков, вели дека „има очигледни намери за политички поредок.“

Белата куќа го опиша холандскиот извештај како „важна пресвртница во напорите да се побара одговорност.“ Малезиската Влада вети дека ќе побара кривично гонење за инцидентот. Во меѓувреме европскиот уредник на магазин за воени информации, Ник Ларинага отиде чекор понатаму од холандскиот извештај. Тој го идентификуваше проектилот „Бук“ како најнова верзија што се користи од страна на Русија, иако руските претставници велат дека проектилот бил постари верзија што не се користи.

Уредникот вели дека „целосната слика е убедлива“ и дека авионот бил срушен од проектил земја-воздух од типот „Бук“, кој бил управуван од територијата на бунтовниците во источна Украина.

Во холандскиот извештај не е наведено точно кој тип од проектилите „Бук“ е користен или пак точната локација од каде е лансиран. Истражителите идентификуваа само територија од 320 километри квадратни под контрола на про-руските бунтовници.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG