Ѕид на срамот за говорот на омраза во Македонија
На улицата Македонија во Скопје денеска беше поставен ѕид на срамот со примери на говор на омраза во медиумите и јавноста со цел да се подигне свеста во општеството. На ѕидот може да се видат ликовите на Миленко и Јанко или извадоци од текстови во Вечер, Плус 24 и други медиуми. Ѕидот е дел од проектот на Хелсиншкиот комитет за борба против говорот на омраза во земјата.