Нобеловиот комитет наведува дека овој квартет е заслужен за изградбата на демократијата во Тунис по Јасмин револуцијата во 2011-та година.
Претседавачот на Норвешкиот нобелов комитет, Каци Кулман, при денешната објава во Осло, истакна дека Квартетот овозможил во Тунис да се етаблира уставен систем на владеење со кој се гарантираат
фундаменталните човекови права за целата популација, без оглед на политичките убедувања, полот или верата.
„Квартетот беше формиран во летото во 2013-та година, кога демократскиот процес беше во опасност од пропаѓање поради политичките убиства и масовните социјални нереди. Квартетот етаблира алтернатива, - мирен политички процес во време кога земјата беше на работ на граѓанска војна“, изјави Кулман.
Квартетот етаблира алтернатива, - мирен политички процес во време кога земјата беше на работ на граѓанска војна
Во Тунискиот Квартет за национален дијалог се: Туниската конфедерација за индустрија, трговија и занаетчиство, Тунискиот синдикат, Туниската лига за човекови права и Националната асоцијација на туниските адвокати. Во октомври 2013-та, квартетот го менаџирал процесот за медијација од кој произлезе планот за стабилизација на земјата. Потоа, планот беше имплементиран, а во 2014-та година беа одржани парламентарни и претседателски избори.
Нобеловата награда за мир, во вредност од приближно милион долари, ќе биде доделена во Осло на 10-ти декември.