Достапни линкови

Планот на ЕУ и Турција за мигрантите


Планот на ЕУ и Турција за мигрантите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:51 0:00

Планот на ЕУ и Турција за мигрантите

Во историската посета на Брисел, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговараше со лидерите на Европската унија за мигрантската криза и за конфликтот во Сирија. Токму од соработката во решавањето на овие две кризи, според политичките посматрачи, ќе зависат и натамошните односи меѓу Ердоган и Брисел.

Соочувајќи се со најголемата мигрантска криза од распадот на поранешна Југославија во деведесетите години на минатиот век, Европа ги намали нејзините критики за, како што до неодамна се оценуваше во Брисел, растечкиот авторитаризам на Ердоган.

Ова не е само за бегалците. Ова е и за односите меѓу Турција и Европската унија, за пристапниот процес.
Жан Клод Јункер, претседател на ЕК.

Европската унија сега од Турција бара да прифати повеќе бегалци од Сирија и Ирак.

„Ова не е само за бегалците. Ова е и за односите меѓу Турција и Европската унија, за пристапниот процес“, изјави претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, најавувајќи детално разгледување на планот за справување со мигрантскиот бран.

Европската унија која вети милијарда евра за бегалците во Турција, Јордан, Либан и други земји е подготвена да ја финансира Анкара со што мигрантите ќе можат да аплицираат за азил во камповите во Турција.

Ако сакаме да го решиме прашањето со бегалците има три работи кои треба да ги направиме. Едната е да се фокусираме врз обуката и опремувањето, втората е прогласување безбедносни зони кои ќе бидат заштитени од тероризам и третата е воспоставување зона на забранети летови.
Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција.

Тоа, според аналитичарите, е дел од мерките кои се придружени и со дополнителен притисок врз Турција да стори повеќе во спречувањето на мигрантите да ги минуваат нејзините граници.

„Неспорно е дека Европа мора подобро да ги чува своите граници. Ние очекуваме и Турција да го стори истото“, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск кој исто така разговараше со Ердоган.

Но, турскиот лидер смета дека неговата земја носи најголем дел од товарот со оглед на тоа што има прифатено над два милиони бегалци од Сирија.

Според Ердоган, кој е остар противник на сирискиот претседател Башар ал Асад, коренот на бегалската криза е во, како што оцени, тероризмот спонзориран од самиот Асад.

„Ако сакаме да го решиме прашањето со бегалците има три работи кои треба да ги направиме. Едната е да се фокусираме врз обуката и опремувањето, втората е прогласување безбедносни зони кои ќе бидат заштитени од тероризам и третата е воспоставување зона на забранети летови“, изјави Ердоган.

Тој изрази надеж дека Турција ќе биде вклучена во европскиот список на безбедни земји.

Според планот на Брисел, Турција би требало да им се придружи на грчките крајбрежни стражи на Егејско море.

Тие би требало да ги враќаат мигрантите во новите шест кампови за уште два милиона луѓе што со парите од Унијата би требало да бидат изградени во Турција.

Брисел исто така инсистира Турција подобро да се справи со шверцерите на луѓе.

Шансите за постигнување брз договор меѓу Турција и Европската унија за ова прашање, според експертите, се мали имајќи предвид дека некои земји членки на Унијата остануваат остри критичари против турските власти во врска со човековите права во земјата.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG