Машиновозачите се враќаат на работа
Машиновозачите денеска го прекинуваат бојкотот на извршување на работните задачи, откако на денешната средба во Министерството за транспорт и врски им беше ветено дека нивните барања ќе бидат исполнети. Синдикатот донел одлука, ако раководството на Македонски железници-Транспорт не го почитува ветеното, веднаш да прекинат со извршувањето на работните задачи.