Достапни линкови

Роковите се почитуваат само со странски притисок


Изборот на специјален обвинител влева надеж дека партиите се подготвени да го исполнуваат договореното во Пржино, велат аналитичарите, но коментираат дека и за следните рокови ќе се чека до последен час и дека тие ќе се исполнуваат под будното око на меѓународниот фактор.

Изборот на специјален обвинител влева надеж дека партиите се подготвени да го исполнуваат договореното во Пржино, велат аналитичарите, но коментираат дека и за следните рокови ќе се чека до последен час и дека тие ќе се исполнуваат под будното око на меѓународниот фактор.

Се навикнавме на една монотонија во политичкиот живот, на едно лидерство без преседан, на еден авторитаризам и популизам којшто го живееме во последните девет ипол – десет години. Како и да е, сметам дека е направен голем исчекор во насока на поголема демократизација на општеството, а како круна на сето тоа се очекува ЕУ да даде еден позитивен извештај.
Нано Ружин, универзитетски професор.

Промените во Државната изборна комисија е следното за кое треба да се сложат партиите според договорот. Тие имаат рок до крај на месецот да се договорат за зголемени овластувања на Комисијата за да обезбеди слободни и фер избори како и исто ниво на игра за сите партии.

Професор Нано Ружин вели дека договорот од Пржино и тоа што се случува на политички план по објавувањето на „бомбите“ на опозицијата вродува со плод, бидејќи пред една година никој не можеше да предвиди дека ќе се случат вакви работи.

За жал тој притисок е потребен, тоа го докажаа нашите политички елити, така да мислам дека и нашите меѓународни партнери се свесни дека ако се остави само на добрата волја на нашата политичка волја, тоа нема да се спроведе. Од друга страна, не ретко вклучувањето на меѓународните партнери им одговара на нашите политичари затоа што пред своите поддржувачи излегуваат со образложение дека тие издржале до крај, меѓутоа притисокот на меѓународниот фактор бил одлучувачки и тие морало да прифатат компромис.
Алберт Муслиу, политички аналитичар.

„Се навикнавме на една монотонија во политичкиот живот, на едно лидерство без преседан, на еден авторитаризам и популизам којшто го живееме во последните девет ипол – десет години. Како и да е, сметам дека е направен голем исчекор во насока на поголема демократизација на општеството, а како круна на сето тоа се очекува ЕУ да даде еден позитивен извештај“, вели професор Ружин.

На 20 октомври СДСМ треба да ги постави своите министерски кадри во министерствата за внатрешни работи за труд и социјала. На истиот датум треба да бидат именувани и заменици од СДСМ во министерствата за финансии, земјоделство и информатичко општество и администрација. ВМРО-ДПМНЕ, пак, ќе добие свои заменици во МВР и труд и социјала. А на крај, договорот од Пржино предвидува актуелната Влада да поднесе оставка, а новата да биде инаугурирана на 15 јануари, сто дена пред парламентарните избори кои ќе се одржат на 24 април. Во меѓувреме остануваат и други обврски за кои не се дадени рокови, а за кои партиите се потпишаа дека ќе ги исполнат до изборите, како поголема слобода на медиумите, владеење на правото, консолидирање на економскиот и демократскиот развој, зајакнување на меѓуетничките односи, да се обезбеди целосно спроведување на Охридскиот договор, зајакнување на добрососедските односи и меѓународниот имиџ и со тоа да се доведе земјата кон евроатлантскиот пат.

Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека обврските кои остануваат, партиите ќе ги развлекуваат и ќе прават тензии до последниот ден, но не очекува пробивање на роковите, пред сè поради инсистирање на меѓународниот фактор.

„За жал тој притисок е потребен, тоа го докажаа нашите политички елити, така да мислам дека и нашите меѓународни партнери се свесни дека ако се остави само на добрата волја на нашата политичка волја, тоа нема да се спроведе. Од друга страна, не ретко вклучувањето на меѓународните партнери им одговара на нашите политичари затоа што пред своите поддржувачи излегуваат со образложение дека тие издржале до крај, меѓутоа притисокот на меѓународниот фактор бил одлучувачки и тие морало да прифатат компромис “, вели Муслиу.

И Ружин вели дека меѓународната заедница будно ќе следи што се случува со Македонија, оти како што вели, земјава, а и целиот Балкан има обичај да ја избегнува дисциплината.

„Понекогаш сакаме да ги избегнеме оние свечено дадени зборови и ветувања и затоа сметам дека слично со искуствата што ги проживеавме со Охридскиот рамковен договор и договорите во останатите држави на Балканот, исто така ќе имаме потреба од еден вид мониторинг, би рекол, за жал, од еден фактор на дисциплинирање“, вели тој.

Претходно според договореното, опозицијата предводена од СДСМ се врати во Собранието на 1 септември, а на 15 месецов беше избран специјален обвинител.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG