За подобра безбедност и помош на граѓаните при разновидни непријатни ситуации или елементарни непогоди, проектот „Заедно за граѓаните“ на Советот за превенција и Секторот за внатрешни работи во Куманово, со поддршка од локалните советници и останатите релевантни институции, интензивно работи на омасовување на граѓаните кои ќе бидат вклучени во овие активности. Тоа подразбира информирање и вклучување на граѓани кои би биле од помош, не само на надлежните, туку и на загрозените нивни сограѓани.
Од досегашното работење, за разлика од првите години, сега сè повеќе се враќа довербата, се зголемува и меѓу институциите без оглед на различностите и помеѓу самите граѓани.Виолета Богдановска, СВР Куманово.
Според Виолета Богдановска од СВР Куманово тие постојано работат, информираат за сработеното, ги разгледуваат идеите и настојуваат да ги реализираат.
„Токму затоа проектот е и насловен „Заедно за граѓаните“. Да се види дека институциите се сервис на граѓаните, не се средство за плашење или заплашување. Од досегашното работење, за разлика од првите години, сега сè повеќе се враќа довербата, се зголемува и меѓу институциите без оглед на различностите и помеѓу самите граѓани“, вели таа.
Во минатиот период имавме многу подобра соработка со масовно население. Луѓето беа повеќе волни да излезат и да помогнат. Сега некако тоа се редуцира, не знам од кои причини. Инаку, освен интервенции на пожарите, Територијалната противпожарна единица Куманово интервенира и на поплави, лизгање на земјиште, земјотреси и при сообраќајни незгоди.Дејан Илиевски, Територијална противпожарна единица во Куманово.
Претставниците во локалниот Совет за превенција по одреден период, а по повод некој празник, зазеле став да демонстрираат дел од нивните акции и активности, со што ќе овозможат поголем број граѓани, од најмладите до највозрасните да бидат запознаени со нивната работа. Со тоа исто така би се зголемила довербата на граѓаните и во униформираните лица.
Дејан Илиевски од Територијалната противпожарна единица вели дека довербата на граѓаните во нивната работа е променлива.
„Во минатиот период имавме многу подобра соработка со масовно население. Луѓето беа повеќе волни да излезат и да помогнат. Сега некако тоа се редуцира, не знам од кои причини. Инаку, освен интервенции на пожарите, Територијалната противпожарна единица Куманово интервенира и на поплави, лизгање на земјиште, земјотреси и при сообраќајни незгоди“, вели тој.
За оваа единица често пати има негативни критики од граѓаните.
„Со текот на годините човекот се навикнува на тоа и тоа станува дел од рутината. Професионална деформација. Гледаме што е можно најпрофесионално да си ја завршиме работата. Да бидам искрен, човекот кој директно е засегнат од пожар, по завршена интервенција, во 95 отсто случаи, слободно ќе кажам, луѓето се задоволни. Нормално е дека сите се свесни дека тоа што е изгубено не можеме да го вратиме. Меѓутоа максимално се трудиме пожарот да не се прошири ниту за милиметар“, вели Илиевски.