Достапни линкови

Скапите катни гаражи зјаат празни


Отворање на новоизградената катна гаража „Тодор Александров“
Отворање на новоизградената катна гаража „Тодор Александров“

Искористеноста на катните гаражи во центарот на градот е минимална, велат граѓаните. За антикорупционерите потрошената сума пари за ваков тип објекти е она што паѓа во очи.

Со најновата урбанистичка визија во Скопје се изградија повеќе катни гаражи од кои дел во барокно руво, но граѓаните ја критикуваат власта дека со овој потег непотребно се узурпираа зелените површини. Тие коментираат дека искористеноста на овие објекти во центарот на градот е минимална, со оглед на тоа што истакнуваат дека паркинг просторите и натаму во суштина се местата што најповеќе се користат.

Моментално катната гаража што е кај Рабонички воопшто не се користи. Може се користи само првиот кат. Стариот паркинг гледате е полн. Како прво нема ни добар влез. Инаку цената е иста, но како што гледате слабо се користи.
Анкетиран граѓанин.

Катната гаража кај Работнички дом која располага со 500 места за паркирање и со 15 метри височина е илустрација за нивните ставови во врска со ефектите од овие објекти.

„Моментално катната гаража што е кај Рабонички воопшто не се користи. Може се користи само првиот кат. Стариот паркинг гледате е полн. Како прво нема ни добар влез. Инаку цената е иста, но како што гледате слабо се користи“, вели анкетиран граѓанин.

Отворање на новоизградената катна гаража „Тодор Александров“ .
Отворање на новоизградената катна гаража „Тодор Александров“ .

Во Македонија досега се изградени десетина катни гаражи од кои повеќето во Скопје. Во поголем дел од нив инвестираше државата, а некаде инвестицијата е во соработка со локалната самоуправа и со Градот Скопје. Премиерот Никола Груевски деновиве изјави дека досега во изградба на овие објекти се вложени повеќе од 40 милиони евра.

Ми се чини дека имаме најскапи катни гаражи во светот. Тука веќе самата цена создава простор за сомневања за корупција.
Вања Михајлова, поранешен актикорупционер.

Но според антикорупционерите токму потрошената сума пари за ваков тип објекти е она што паѓа во очи. За поранешниот актикорупционер Вања Михајлова нема ништо невообичаено во намената да се обезбеди простор за паркирање, но таа нагласува дека секаде тоа се обични зграда во кои нема поголеми вложувања, бидејки тие претставуваат отворен простор.

„Потреба да се градат е ОК, но треба да се прилагодат на потребата. Секаде во светот тие се обични згради. Ми се чини дека имаме најскапи катни гаражи во светот. Тука веќе самата цена создава простор за сомневања за корупција. Не може една зграда која внатре е целосно отворена да чини пет или осум милиони евра“, вели Михајлова.

Таа ги повикаа експертите по градежништво да одговорат дали парите што се потрошени за изградба на катните гаражи кај нас се со реален износ.

Катните гаражи се во склоп на проектот Скопје 2014. Тие беа предвидени со изменетиот Детален урбанистички план за „Мал ринг“, што го усвои Советот на Oпштината во 2010 година.

Измените беа донесени по повеќечасовна дискусија на која опозицијата од петни жили се трудеше да укаже на незаконската постапка по која се менува урбанистичкиот план, неговата неусогласеност со Генералниот план на Скопје и дополнителните проблеми што ќе настанат со неговата практична имплементација.

Според власта катните гаражи се нивниот влог во она што се нарекува функционален град, град во кој ќе има добар и организиран проток на возила и доволно паркинг места. Но реалноста е поинаква.

„Проблемот е што не се на добро место направени. Нема баш секаде кај што ти треба. Да речеме кај Градска болница кај има паркинг, кај Воена болница, кај Државна болница? Нема паркинзи. Тие таму се мали паркинзи. Нема доволно место“, вели анкетиран граѓанин.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG