Катните гаражи во Скопје станаа редовна појава. Едни се градат, за други се поставува камен темелник. Но, колку катните гаражи ја исполнија нивната функција ги прашавме оние граѓани кои ги користат.
„Ги користам, доста се функционални.“
„Се во функција, со правеќето катни гаражи се направи голем напредок во средувањето на проблемот со паркирањето на коли.“
Има и такви кои го мислат спротивното.
„Генерално мислам дека е промашена работа. Во Скопје има доста катни гаражи, но ретко кои од нив имаат навистина права функција.“
Освен за паркинг, просторот наменет за катни гаража многу често служи и отварање на деловни центри, иако првично немал таква намена. Поранешниот антикорупционер и адвокат Драган Малиновски вели дека впечатокот кој се добива е дека катните гаражи се користат како средство за остварување на добар профит, особено сега кога проблемот со паркирање е актуелен.
„Проблемот е во тоа што често пати зад плаштот на објекти за паркирање, односно катни гаражи имаме реализација на објекти кои не само што не го амортизираат проблемот со паркирањето, туку напротив дополнително и го комплицираат.“
Според Малиновски можеби дилемата е во тоа колку катните гаражи се исплатливи и дали тие се одржливи проекти кои ќе заработуваат само од паркирање.
„Се согласуваме дека тоа споро ги враќа средствата, прибирањето на тие средства е по принципот капка по капка, а нашите инвеститори веројатно немаат толку време на долг рок да чекаат, сакаат побрзо оплодување на парите и токму затоа прават некои комбинации, кои комерцијално гледано за нив е оправдано, меѓутоа тргнувајќи од јавниот интерес на граѓаните, апсолутно е неоправдано и нуди можности за злоупотреби.“
Ги прашавме граѓаните што мислат за цените за паркирање. Едни велат дека се прикладни, но други сметаат дека не се во согласност со нашиот стандард.
„За саат време толку пари да се даде, тоа е нешто ненормално. “
„Добро е, евтино е.“
Но, исплатливи или не, Малиновски вели, дека освен што се злопотребува постапката за изградба на катни гаражи, проблематична е и регулативата.
„Проблемот е во тоа што самата регулатива која го покрива овозможува извесни пренамени, комбинирани објекти итн, што на некој начин може да говориме за тн озаконета корупција.“
Доколку се тргне со идејата дека ќе се гради катна гаража според Малиновски, објектот по тоа треба да биде препознатлив и да врши таква функција.
Генерално мислам дека е промашена работа. Во Скопје има доста катни гаражи, но ретко кои од нив имаат навистина права функција.Анкетиран граѓанин.
„Ги користам, доста се функционални.“
„Се во функција, со правеќето катни гаражи се направи голем напредок во средувањето на проблемот со паркирањето на коли.“
Има и такви кои го мислат спротивното.
„Генерално мислам дека е промашена работа. Во Скопје има доста катни гаражи, но ретко кои од нив имаат навистина права функција.“
Освен за паркинг, просторот наменет за катни гаража многу често служи и отварање на деловни центри, иако првично немал таква намена. Поранешниот антикорупционер и адвокат Драган Малиновски вели дека впечатокот кој се добива е дека катните гаражи се користат како средство за остварување на добар профит, особено сега кога проблемот со паркирање е актуелен.
„Проблемот е во тоа што често пати зад плаштот на објекти за паркирање, односно катни гаражи имаме реализација на објекти кои не само што не го амортизираат проблемот со паркирањето, туку напротив дополнително и го комплицираат.“
Според Малиновски можеби дилемата е во тоа колку катните гаражи се исплатливи и дали тие се одржливи проекти кои ќе заработуваат само од паркирање.
Се согласуваме дека тоа споро ги враќа средствата, прибирањето на тие средства е по принципот капка по капка, а нашите инвеститори веројатно немаат толку време на долг рок да чекаат, сакаат побрзо оплодување на парите и токму затоа прават некои комбинации, кои комерцијално гледано за нив е оправдано, меѓутоа тргнувајќи од јавниот интерес на граѓшаните, апсолутно е неоправдано и нуди можности за злоупотреби.Драган Малиновски, поранешен антикорупционер и адвокат.