Сведочењето на поранешниот разузнавач Слободан Богоевски пред јужниот окружен суд во Њујорк, во кое тој ги наведува македонските функционери кои земале мито од Телеком не е доволен доказ за покренување обвинение против функционерите, но обвинителството сигурно треба да го земе предвид во истрагата, велат правниците со кои разговаравме.
За евентуално нови докази, обвинителството ќе постапува согласно законите.Писмен одговор од Јавно обвинителство.
Судот во Њујорк деновиве го направи достапно за јавноста сведочењето на поранешниот шеф на македонската тајна служба Слободан Богоевски, во случајот кој таму се води против директорите на „Маѓар телеком“.
Во сведочењето тој вели дека мито од Телеком зеле поранешниот премиер Владо Бучковски, како и функционерите од ДУИ Али Ахмети, Муса Џафери и Абдулхалим Касами. Бучковски веднаш одговори дека Богоевски измислува, а ДУИ реагира дека сведочењето е конструкција на непосточки настани и околности, дека е апсолутно невистинито и дека е во функција на претстојните избори.
Со тој исказ фактички, ако е точен и ако судот му поклонува верба може да се покрене верба кај нас и тој да биде еден од доказите за расветлување на кривично правниот настан.Осман Кадриу, универзитетски професор.
СДСМ пред три години поднесе кривична пријава против непознат сторител во случајот „Телеком“, поради сомневања за поткуп на високи владини функционери, како и одделни политички партии, во периодот 2005 - 2006 година.
Во Јавното обвинителството прашавме зошто и после три години од пријавата нема обвинение, како и дали сведочењето на Богоевски фрла нова светлина врз истрагата и дали тој бил повикан на распит во обвинителството во врска со овој случај. Кусо ни одговорија дека во Основното јавно обвинителство Скопје се водела истрага за предметот Маѓар телеком, по што беше поднесено обвинение и во моментов се води судска постапка.
„За евентуално нови докази, обвинителството ќе постапува согласно законите“, стои во одговорот.
Јавниот обвинител Марко Зврлевски, пак, за Утрински весник изјави дека засега не би го коментирал случајот.
Во земјава има процес против поранешните директори на Телеком за незаконско испумпување пари од компанијата, но не и против македонски функционери, кои земале мито за да ја одложат либерализацијата на телекомуникацискиот пазар.
Професор Осман Кадриу вели дека релевантноста на сведочењето на Богоевски треба да ја цени судот во Њујорк пред кој тој исказ е даден.
„Со тој исказ фактички, ако е точен и ако судот му поклонува верба, може да се покрене постапка кај нас и тој да биде еден од доказите за расветлување на кривично правниот настан“, вели професор Осман Кадриу.
Дополнително, вели Кадриу, Богоевски може да се сослуша и пред македонските органи за да се утврди фактичката состојба.
Во изминатите години, јавниот обвинител Марко Зврлевски и неговиот претходник Љупчо Шврговски тврдеа дека има истрага, но оти немаат докази дека конкретно лице земало мито.