Достапни линкови

Неделниците за Судот и „бомбите“


Неделниците се занимаваат со одлуката на Судот за „бомбите“ на опозицијата, секој од свој агол.

Дали аудио-снимките од телефонските разговори меѓу високите функционери од власта, па и на премиерот, се валиден или невалиден доказ за на суд? Ете со оваа дилема се занимаваат двата неделника Фокус и Република во најновите изданија.

Со тоа самите си се пријавуваат како специјални пациенти за специјалниот обвинител. Значи, тој ќе треба да се занимава не само со „бомбите“, туку и со сите тие што ги злоупотребуваат институциите за да го забошотат криминалот од бомбите.
Фокус.

Фокус - Судска хименопластика

Фокус се исчудува и на насловната страница и во уводникот: „Судска хименопластика“, пишува, и извикува: „Грујо е невин со тапија!?“ за потоа да предупреди дека во наредниве месеци ќе следуваат уште многу вакви „ама и поголеми будалаштини“... Со тоа самите си се пријавуваат како специјални пациенти за специјалниот обвинител. Значи, тој ќе треба да се занимава не само со „бомбите“, туку и со сите тие што ги злоупотребуваат институциите за да го забошотат криминалот од бомбите, порачува Фокус.

Во друг текст посветен на овој случај на Основниот суд Скопје 1, неделникот наведува дека Судот за човекови права во Стразбур во неколку наврати има донесено одлуки според кои оправдува користење снимки обезбедени од приватни лица, земајќи ги предвид причините поради кои биле објавени, односно, кога станувало збор за прашања од општ, јавен интерес со чие необјавување е направено повреда на слободата на изразување според членот 10 од Европската конвенција за човекови права и основни слободи. И додека на овој меѓународен суд му е најважен јавниот интерес и слободата на изразување, на македонските правосудни органи, по сè изгледа, им се поважни угледот и честа на функционерите, заклучува Фокус.

Единствено што судот можел е да ги користи тие снимени разговори како основа за започнување истрага која треба да обезбеди издржани докази за наводниот криминал посочен од Заев и неговите компањони.
Република.

Република - Одлуката на судот согласно законите

За Република, пак, одлуката на судот е донесена согласно законите, имено, дека се тоа незаконски прибавени докази и дека „единствено што судот можел е да ги користи тие снимени разговори како основа за започнување истрага која треба да обезбеди издржани докази за наводниот криминал посочен од Заев и неговите компањони“. Република, исто така, оди со теза дека во ценкањето за специјалниот јавен обвинител условот бил: „Или по мерка на Заев, или повторно бојкот“ и дека Заев барал обвинител кој ќе го затвори раководството на ВМРО-ДПМНЕ пред изборите, за да можел конечно, без противник, да победи на избори.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG