Рускиот претседател Владимир Путин повика на создавање меѓународна коалиција против екстремизмот. Тој наведе дека за таа иницијатива веќе разговарал со американскиот претседател Барак Обама. Според најавите, оваа тема ќе доминира на наредните состаноци на Советот за безбедност на ОН.