Достапни линкови

Парламент со опозиција и со стари навики?


Од СДСМ велат дека утре ќе имаат прес-конференција на која ќе се презентираат ставовите околу нивното враќање во Парламентот.

Пратеничката група на опозицијата од утре се враќа во Собранието, како што е предвидено со договорите од 2 јуни и 15 јули за решавање на политичката криза во земјата. Според договореното, опозицијата ќе раководи со анкетната парламентарна комисија основана по скандалот со прислушувањето, како и со комисиите за откривање и интервенција во комуникациите со цел да се испитаат неуспесите во надзор и функционирање на државната разузнавачка служба.

Се надевам и очекувам дека Собранието ќе работи во полн состав, не од формален аспект, туку од аспект на дебатата и подобрување на законските решенија, како и на подготовките што Македонија треба да ги направи за да имплементира договорот од Пржино.
Џевад Адеми, ДУИ.

Од СДСМ велат дека утре ќе имаат прес-конференција на која ќе се презентираат ставовите околу нивното враќање во Парламентот.

Пратеникот на ДУИ, Џевад Адеми, чија партија е дел од владејачката коалиција, вели дека пред сè е добра вест враќањето на опозицијата во Парламентот, бидејќи таму им е местото на пратениците. Тој нагласува дека неговата пратеничка група ќе има коректен однос и соработка со опозицијата, бидејќи нивна обврска е да направат сè за Македонија да излезе од политичката криза.

Тоа значи дека Парламентот нема да биде ефикасен и нема да биде во функција на граѓаните, туку пред сè ќе биде користен за јавен настап од страна на сите пратеници, но пред сè на двете партии што започнаа предизборна кампања без постоење на законски основи и норми за во ова време да имаме една ваква интензивна кампања.
Павле Трајанов, Демократски сојуз.

„Се надевам и очекувам дека Собранието ќе работи во полн состав, не од формален аспект, туку од аспект на дебатата и подобрување на законските решенија, како и на подготовките што Македонија треба да ги направи за да имплементира договорот од Пржино. На сите нам ни е јасно дека овие обврски не може да се исполнат без учество и вклученост на опозицијата“, вели Адеми.

Пратеникот Павле Трајанов, кој е дел од владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека со присуството на опозицијата ќе се зголеми одговорноста на пратениците, а тоа ќе придонесе за корегирање на законите кои доаѓаат од Владата. Но, според него, ќе се усложнат политичките расправи, бидејќи во услови кога се подготвуваат измени на Изборниот законик, и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја започнаа предизборната кампања. Тоа, како што додава Трајанов, значи дека посочените партии повторно ќе водат сметка за нивните лични интереси, а не за интересите на државата.

„Тоа значи дека Парламентот нема да биде ефикасен и нема да биде во функција на граѓаните, туку пред сè ќе биде користен за јавен настап од страна на сите пратеници, но пред сè на двете партии што започнаа предизборна кампања без постоење на законски основи и норми за во ова време да имаме една ваква интензивна кампања“, смета Трајанов.

Тој очекува првите активности на Собранието да биде законот за специјален обвинител и неговото именување.

Специјалниот обвинител треба да биде избран најдоцна до 15 септември. Првиот извештај на комисиите предводени од опозицијата треба да биде изготвен во ноември 2015 година.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG