Како и изминатите години, така и оваа, во август Општина Дебар ја карактеризира масовното присуство на печалбарите кои се дојдени во родниот крај, а кои во најголем дел се во земјите на ЕУ и посебно Италија, но и големиот број иселеници од Дебар кои живеат во САД, но и големиот број свадби. Во состојба на присуство на над 5 илјади печалбари и иселеници во еден град каков што е Дебар, а каде што живеат околу 15 илјади жители и кога бројот на автомобили е 100 отсто поголем, се јавуваат проблеми во сообраќајот, јавниот ред и мир, и други сфери.
Во Дебар и оваа лето има голем број на иселеници и печалбари. На секое место повеќе се говори англиски. Во САД има 15 илјади дебарчани и голем дел од нив секое лето се во родниот крај. Затоа бараме за има добар ред и мир. Тие да се чувствуваат безбедно. Градот да функционира добро во сите сфери.Ружди Лата, градоначалник на Дебар.
Градоначалникот на Дебар Ружди Лата, со цел да се одржува состојбата под целосна контрола, а жителите, печалбарите и иселениците да ги минат во најдобар ред овие летни денови, побара поголемо ангажирање на сите претставници на државните институции и примена на законот. На средбата со претставниците на полицијата и инспекциските служби, тој рече дека треба во целост да се применува законот.
„Во Дебар и оваа лето има голем број на иселеници и печалбари. На секое место повеќе се говори англиски. Во САД има 15 илјади дебарчани и голем дел од нив секое лето се во родниот крај. Затоа бараме за има добар ред и мир. Тие да се чувствуваат безбедно. Градот да функционира добро во сите сфери. Бараме да нема штети на објекти, на онаа што се гради. Има некои кои создаваат проблеми, но ние треба да го сочуваме онаа што се гради и тоа да биде искористено од сите кои доаѓаат во Дебар“, вели Лата.
Барам целосно да се почитува хигиената во градот. Онака како што се чисти дебарските куќи, така треба да биде и надвор. Исто така мора да се прекине злоупотребата на водата за пиење за наводнување.Ружди Лата, градоначалник на Дебар.
Покрај пукањето на свадби, кое оваа година е нешто помало од другите години, проблеми во Дебар деновиве има и со масовното продавање на земјоделски и сточарски производи на тротоарите, но проблеми има и со водоснабдувањето во градот.
„На средбите е разговарано и побарав веднаш да се почитува сè онаа што е изградено во центарот на градот во последно време, бидејќи со онаа што е изградено го враќаме градот онаму каде што му е местото, во модерни градови. Барам целосно да се почитува хигиената во градот. Онака како што се чисти дебарските куќи, така треба да биде и надвор. Исто така мора да се прекине злоупотребата на водата за пиење за наводнување. Но, исто така многу е битно да се има добра соработка и добри односи на централните институции кои делуваат во Дебар со граѓаните и локалната самоуправа“, вели Лата.
Инаку, градоначалникот Лата оцени дека проблемот со недостигот на вода за пиење и покрај тоа што во главниот резервоар од водоводот „Росоки-Дебар“ пристигнуваат 150 литри во секунда е поради несовесното трошење на вода во периферијата на градот каде се наводнуваат земјоделски површини. Тој побара итно да се стопира оваа појава и поголемо ангажирање на сите институции и јавното комунално претпријатие Стандард, кое менаџира со регионалниот водовод „Росоки – Дебар“.