Околу илјада мигранти кои чекаа на железничката станица во Гевгелија претпладнево се упатија кон граничниот премин Табановце. Поголемиот дел од нив се качија на воз, а останатите кои не успеаа и кои останаа на железничката станица во Гевгелија беа препратени на автобуската станица отспротива. Тие со автобуси ќе бидат префрлени до граничниот премин со Србија.