Постојаното кршење на спомен плочите кои се поставуваат во тетовско за загинатите бранители е причина Одборот на бранители кој ги опфаќа сите здруженија да ја алармира јавноста на опасноста од ширење на омраза и нетрпеливост. Бранителите сметаат дека дел од населението со ваквите чинови се уште го актуелизира конфликтот од 2001 година.
Не би било чудно ако се случеше после 2001 година, меѓутоа после 14 години и зборување дека Охридскиот договор требаше да го направи во овој период подобар соживотот на овие простори покажуваме дека 2001 година се уште не се сме ја пребродиле.Пензиониран офицер Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители.
Претседателот на Одборот, пензионираниот офицер Марин Најдов, вели дека токму летово во два наврати се бележат кршења на плочи на полицајци и војници кои загинале на должност во тетовскиот регион во 2001 година.
„Не би било чудно ако се случеше после 2001 година, меѓутоа после 14 години и зборување дека Охридскиот договор требаше да го направи во овој период подобар соживотот на овие простори покажуваме дека 2001 година се уште не се сме ја пребродиле“, вели Најдов.
Во ниту еден случај досега државни институции не откриле кој ги крши плочите и со тоа никој не одговарал за постапките. Според Најдов, покрај несовесноста на граѓаните и тоа што надлежните служби не преземаат мерки е суштината да тлее овој проблем.
Политичките партии од албанскиот политички блок до сега ниеднаш не излегоа со осуда на ваквите настани. Мислам дека е ред да тоа го направат. Да излезат и да ги осудат за да оние кои тоа го прават да сфатат дека немаат поддршка во овој дел.Пензиониран офицер Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители.
„Двата аспекти кои придонесуваат да вакви работи се случуваат Одборот на бранители смета дека е омразата кон луѓето кои ги дадоа своите животи во 2001 година. И второ е непреземањето на мерки од страна на институциите. Да си ја завршат работата да ги откријат сторителите и да превземат мерки бидејќи само така можеме да гледаме понатаму“, смета претседателот на Одборот.
Тој бара партиите каде членуваат Албанците поактивно да се вклучат во надминување на појавата.
„Политичките партии од албанскиот политички блок до сега ниеднаш не излегоа со осуда на ваквите настани. Мислам дека е ред да тоа го направат. Да излезат и да ги осудат за да оние кои тоа го прават да сфатат дека немаат поддршка во овој дел“, порачува Најдов.
Во воениот конфликт во 2001 година во полошкиот регион загинаа 25 припадници на безбедносните сили. Голем дел од нив добија спомен плочи, кои изминативе години без помош од државата беа поставувани од повеќе здруженија на бранители.