Меркел: мигрантите поголем предизвик од грчката криза
Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека прашањето со мигрантите во Европската унија ќе биде поголема грижа од финансиската криза во Грција. Според неа, сегашната ситуација била апсолутно неприфатлива. Во меѓувреме илјадници мигранти секојдневно пристигнуваат на европските брегови.