Една недела по катастрофалните поплави во тетовскиот регион, општините Охрид и Струга со помош за загрозените подрачја. Локалните власти во Струга веќе испратија две машини за црпење вода и возило за движење по нерамни терени заедно со екипа на противпожарната бригада. Од таму рекоа дека набргу ќе биде одржана и вонредна седница на советот на општината каде ќе биде донесена одлука и за финансиска помош за погодениот регион.
Јас како градоначалник уште во текот на минатата недела поднесов барање до комисијата за финансии и буџет на советот на општината да се донесе одлука за финансиска помош на луѓето кои претрпеа штети.Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, рече дека откако ќе оствари контакт со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, ќе биде одлучено каква помош Охрид ќе испрати во Тетово освен финансиска.
„Локалната самоуправа во Охрид и јас како градоначалник сочувствуваме со маките и страдањата со граѓаните на Тетово кои настрадаа во невремето. И како власт и како граѓани имаме морална обврска да помагаме и на луѓето и на локалната самоуправа во Тетово. Јас како градоначалник уште во текот на минатата недела поднесов барање до комисијата за финансии и буџет на советот на општината да се донесе одлука за финансиска помош на луѓето кои претрпеа штети“, рече Бакрачески.
Во текот на оваа недела ние ќе испратиме поголем контингент помош за Шипковица и Мала Речица во прехранбени артикли.Јашар Положани, извршен директор на организацијата Мајка Тереза од Струга.
Во Струга, хуманитарната организација Мајка Тереза веќе испрати помош за граѓаните на Тетово, а во план е и дополнителна помош од седум тони.
„Во текот на оваа недела ние ќе испратиме поголем контингент помош за Шипковица и Мала Речица во прехранбени артикли и тоа шеќер, масло, сол, брашно, макарони. Ќе има облека за мали деца и ќе има поголема количина на ќебиња и чаршафи. Контингентот ќе биде помеѓу 5 и 7 тони“, вели Јашар Положани, извршен директор на Мајка Тереза.
Оваа хуманитарна организација ќе испрати и 2000 литри вода. Јашари вели дека и самите граѓани на Струга самостојно носат помош која сметаат дека ќе биде од корист на тетовци.
Собирни пунктови низ Струга постави и Црвениот крст од овој град. Адуриме Даути, секретар на Општинската организација, вели дека и понатаму ќе продолжат со собирање на финансиски средства.
„ОО на Црвен крст од Струга беше вклучена во акцијата support Tetovo за помош на настраданите места. Сите парични средства што беа собрани беа префрлени во фондот за солидарност. Акцијата и понатаму продолжува, отворени сме и ја прифаќаме секоја вид на помош која би им затребала како што е вода и хигиенски средства“, вели тој.