Достапни линкови

Закани од „ИД“ за Македонија на интернет?


Пораката која синоќа ја оставиле хакери при упадот на серверот кој ги хостира веб страниците на неколку институции, меѓу кои на Јавното обвинителство и Министерството за информатичко општество и администрација.
Пораката која синоќа ја оставиле хакери при упадот на серверот кој ги хостира веб страниците на неколку институции, меѓу кои на Јавното обвинителство и Министерството за информатичко општество и администрација.

Хакери оставиле исламистички пораки на веб страници на македонски институции. Претходно преку видео порака наводен припадник на организацијата Исламска држава се закани на Македонија. Упатените велат дека надлежните треба да бидат внимателни и да го истражат случајот.

Не станува збор за хакирање на веб страници, туку за упад на серверот на Министерството за информатичко општество кој ги хостира страниците на неколку македонски институции, велат во МВР. Настанот бил пријавен кај нив и тие го истражуваат. Од МВР велат дека при нападот не е направена штета и дека луѓето кои биле задолжени за работата на серверот веднаш реагирале.

Упадот на серверот на кој се неколку веб страници на македонски институции, на кои биле оставени исламистички пораки и претходната видео порака од наводен припадник на организацијата Исламска држава со закана за Македонија, не мора нужно да претставува опасност, но надлежните мора да бидат внимателни и да го испита случајот.

Секогаш тактиката на ваквите групи, не само кај нас, туку и во регионот и на Блискиот исток, кога Коалицијата за борба против тероризмот ќе преземеше одредени дејствија, задолжително се јавуваше реакција на возвраќање на ударот. Сега службите треба да бидат на штрек и внимателно да ја следат состојбата, бидејќи ваквите закани се реалност.
Владимир Пивоваров, универзитетски професор.

Професор Владимир Пивоваров, кој е и поранешен разузнавач вели дека службите прво треба да проверат кој ги испраќа заканите и колку тие се сериозни.

„Секогаш тактиката на ваквите групи, не само кај нас, туку и во регионот и на Блискиот исток, кога Коалицијата за борба против тероризмот ќе преземеше одредени дејствија, задолжително се јавуваше реакција на возвраќање на ударот. Сега службите треба да бидат на штрек и внимателно да ја следат состојбата, бидејќи ваквите закани се реалност“, вели Пивоваров.

Тој додава дека е крајно време службите да се професионализираат, а политичарите да ги тргнат рацете од безбедносните служби во интерес на државата.

Полициска операција Ќелија за апсење осомничени исламски борци на странските боишта.
Полициска операција Ќелија за апсење осомничени исламски борци на странските боишта.

„Доколку овој чекор не го направиме ќе бидеме лесна мета и плен на ваквите закани, кои можат многу реално и многу брзо да се остварат на наша територија, затоа што стотици наши лица веќе учествувале во воени дејствија и се наоѓаат веќе во нашето општество, а акцијата може да биде само еден сегмент во борба и репресија кон оние кои учествувале таму, значи треба да се направи акционен државен план.“

Што се однесува пак до сајбер нападите, Пивоваров вели дека многу лесно може да се утврди од каде доаѓаат тие и дали навистина се работи за сајбер тероризам или исцинирани случаи од поединци. Синоќа бил направен упад на серверот кој ги хостира веб страниците на Јавното обвинителство, Министерството за информатичко општество и администрација, МАРнет и сајтот „е-трговија“. На нив се појавуваше слика со зборовите „Kissed By UstadCage_48 And“. Денеска веб страниците на институциите се достапни, но доколку преку Гугл се пребарува страницата на Министерството пишува дека таа била хакирана.

Претходно пак албанските медиуми во земјата јавија за закана за Македонија од наводни припадници на организација Исламска држава. Во пораката објавена на социјалната мрежа Фејсбук од извесен Сејфедин Ал Албани тој повикува луѓето да им се придружат, оти како што пишува, дошло време за реакција на ИД на Балканот, посебно во Македонија. Видео пораката беше објавена и на Јутјуб, но повеќе не е достапна. На сето ова му претходеше полициската акција „Ќелија“ во која беа приведени девет соработници на радикални структури.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG