Достапни линкови

Годишнина од операцијата „Бура“ во Хрватска


Годишнина од операцијата „Бура“ во Хрватска
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:33 0:00

Годишнина од операцијата „Бура“ во Хрватска

Денеска се навршуваат 20 години од операцијата „Бура“. Почна со напад на хрватската армија во Книн врз војската на Српска Краина. Во Хрватска Денот на победата се одбележува со воена парада во Загреб. Во Србија пак со парастос за убиените и за прогонот на околу 200 илјади Срби од Хрватска.

Со четиридневната офанзива под името „Бура“ заврши војната во Хрватска од 1991 до 1995 година.

На 4 август 1995 година хрватската армија покрена широка артилериска и пешадиска офанзива за враќање на територијата која четири години беше под контрола на тамошните Срби.

Операцијата започна со гранатирање на големите српски градови во регионот Краина кој беше под заштита на Обединетите нации.

Станува збор за планински предел кој се протега јужно од главниот хрватски град Загреб до Јадранско море.

Офанзивата во која беа вклучени 100 илјади луѓе се одвиваше од градовите Сисак и Карловац на северот до Оточац и Госпиќ на југот.

Набрзо Книн, главниот град на Српска Краина беше во пламен под постојаното бомбардирање на хрватската артилерија по што следуваше и одговор од српските сили во градот.

Околу 200 илјади Срби ги напуштија нивните домови и заминаа за Босна и Србија. Денот на освојувањето на градот Книн во Хрватска е прогласен за Ден на победата.

НАТО се закани со воздушни напади за да ги заштити мировниците на Обединетите нации откако еден дански војник загина, додека двајца припадници на полскиот контингент беа повредени од немерен тенковски напад изведен од хрватската армија врз нивниот контролен пункт.

За помалку од четири денови хрватската војска ја презеде целата територија на Краина, што предизвика огромен бегалски бран.

Околу 200 илјади Срби ги напуштија нивните домови и заминаа за Босна и Србија. Денот на освојувањето на градот Книн во Хрватска е прогласен за Ден на победата.

Во Србија офанзивата „Бура“ се оценува како операција за етничко чистење.

Само мал дел од Србите кои избегаа од Краина подоцна се вратиле во своите домови во Хрватска.

„Дваесет години од завршувањето на војната на подрачјето на Хрватска и Босна и Херцеговина, 100 илјади бегалци се уште не ги оствариле своите основни човекови права, не ги вратиле своите имоти, пензиите, работниот стаж, своите земјоделски површини, живеалишта“,

вели Миодраг Линта од Коалицијата на бегалските здруженија.

„Нема поголема цел поради која ние ќе ги заборавиме 250 илјади протерани, како иилјадниците убиени и исчезнати и никогаш нема да престанеме да зборуваме за раните на нашиот народ“,

изјави српскиот министер за труд Александар Вулин, кој е и претседател на организациониот одбор за одбележување на Денот на сеќавање на прогонот на Србите.

Според хрватските податоци, во операцијата „Бура“ загинале 174 Хрвати додека пак на страната на Србите загинале 560 луѓе, а било запленето и голем дел од српското оружје.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG