Кумановските новинари редовно се поканувани за седниците на општинскиот Совет, што се одржуваат во една од салите на поранешната зграда на Комитетот, но без основни услови за нивно следење. Не само што нема слушалки за превод од албански јазик, туку најчесто нема ниту столчиња. За новинарите има неколку столчиња во еден агол, пред чии нозе постојано некој поминува, како трн в око се кога одат до дискутантите да снимаат. Во иста состојба се и камерманите. На ова реагираат новинарите Габриела Димковиќ, Снежа Петковска, Сузана Андоновиќ и снимателот Игор Димитриевски.
Едноставно како да сме вишок на седниците. Оние новинари, па и јас фаќам белешки, како во примитивна заедница пишуваме на колена. Ако се запрашаат малку, како е во ЕУ каде што има прес центри, овде немаме ни маси, нема слушалки. Некогаш има и повеќе новинари кои мораат да стојат. На некој начин сме како пречка.Габриела Димковиќ, новинарка.
„Факт е дека од самиот почеток Советот на Општина Куманово го нема сериозно сфатено овој проблем и нема најдено просторно решение каде новинарите ќе седат достојно и ќе известуваат од седниците. Од две страни имаше поставено столчиња, во некој агол, зад грбот на советниците, на кои им дишеме во врат. Меѓутоа, сега измислија дека новинарите можат да седат само од левата страна, а не и од десната. Едноставно како да сме вишок на седниците. Оние новинари, па и јас фаќам белешки, како во примитивна заедница пишуваме на колена. Ако се запрашаат малку, како е во ЕУ каде што има прес центри, овде немаме ни маси, нема слушалки. Некогаш има и повеќе новинари кои мораат да стојат. На некој начин сме како пречка“, вели Димковиќ,а Петковска додава дека освен што се стеснети, новинарите постојано мораат да им ослободуваат простор на советниците кои излегуваат и влегуваат.
„Излегуваат многу често на пушење или на кафе пауза, ни ги прескокнуваат нозете, бидејќи е многу тесно. Советниците најчесто се однесуваат комотно со ретки исклучоци. Мислам дека не ги почитуваат новинарите. Можеби не е до советниците, туку до претседателот на Советот или до градоначалникот, кои треба да обезбедат посоодветно место за новинарите.“
Претседателот на Советот Максим Димитриевски ми рече дека не може да снимаме од зад нивниот грб, туку само од средина. А од средина на салата можеме да направиме само три кадри и тоа е. Ние имаме уредници кои ни кажуваат како да работиме, тоа е исто како јас да му кажувам нему како треба да ги води седниците.Игор Димитриевски, ТВ снимател.
Сузана Андоновиќ како радио новинар вели дека се чувствува многу бедно, затоа што ако седне на едно место, ќе и кажат да оди на друго.
„Дури им пречи кога ќе ги ставиме диктафоните да ги снимаме, а мене ми треба чист тон. Ние не сме тука заради нас, туку за да им пренесеме на граѓаните како работи Советот на Општината. Ние сме тука да си ја работиме нашата работа. Дали тоа им пречи, не знам. И порано немаше услови за работа, но беа многу пољубезни, сега овој состав некако најлошо, најдрско се однесуваат кон новинарите. Сега сме како трн в око.“
ТВ снимателот Игор Димитриевски, како и неговите колеги исто така имаат проблеми во работата.
„Претседателот на Советот Максим Димитриевски ми рече дека не може да снимаме од зад нивниот грб, туку само од средина. А од средина на салата можеме да направиме само три кадри и тоа е. Ние имаме уредници кои ни кажуваат како да работиме, тоа е исто како јас да му кажувам нему како треба да ги води седниците. Непријатно е чувството некој пред толку луѓе да ти каже како да работиш, а не е тој компетентен за тоа. Не е во ред. Мислам дека ние снимателите и новинарите тука сме вишок.“
Градоначалникот Зоран Дамјановски вели дека во салата нема добри услови за работа, како и за новинарите. Тој се надева дека од септември годинава ќе се реконструира поголема сала во која ќе биде обезбеден соодветен простор за новинарите. Ќе бидат обезбедени околу 40 места од кои новинарите ќе можат сите настани да ги следат непречено. Според него кабинетот за поддршка на Советот и на градоначалникот треба да направи селекција и да дава акредитација за бројот на луѓето со номенклатура кои можат да присуствуваат. Ова кој прв ќе дојде да заземе место не дава сериозност на следење на седниците.