Камперите задоволни од договорот
Демонстрантите од двата кампа, едниот пред Владата, а другиот пред Собранието главно се задоволни од постигнатиот договор меѓу лидерите на власта и опозицијата. Меѓусебната недоверба и натаму е присутна меѓу нив и велат дека ќе кампуваат додека партиските раководства не одлучат да ги повлечат.