Пред еден месец се одржа конференција на лицата кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост, единствена конференција од ваков вид каде што сиромашните и социјално исклучени граѓани имаат можност активно да учествуваат во процесот на донесување на одлуки.
Младинската невработеност е енормно висока (47 отсто), младите се сиромашни и заборавени, нивните потреби се занемарени во целост, а младите својата перспектива ја гледаат во другите европски држави и аплицирање за бугарски пасош.
На оваа конференција, којашто за прв пат беше на отворено се креираше декларација на сиромашни и социјално исклучени граѓани во областа на здравствената и социјалната заштита, невработеноста, родова еднаквост и прашања по сите основи. Граѓаните во овие области ги набројуваа сите проблеми со кои се соочуваат секојдневно и воедно за истите проблеми предлагаа соодветни решенија.
Оваа декларација се ревидира и надополнува по четврти пат и истата се испраќа до надлежните институции (Владата, Министерство за труд и социјална политика и сл.). Но, очигледно гласот на сиромашните не се слуша од страна на овие институции кои се надлежни да ги решат сите проблеми на граѓаните. Сигурно се прашувате зошто?
Доколку надлежните сериозно ги разгледуваа сите овие Декларации на сиромашни и социјално исклучени граѓани, ако чекор по чекор почнеа да ги решаваат овие проблеми, тогаш и проблемите во самите декларации ќе се намалуваа, а не од година во година да остануваат и да се надополнуваат со нови, па така декларацијата станува побројна во страни.
Да, тоа е вистината, тоа се болните проблеми на нашиот народ, кој, како што вели, ги забележуваат само кога политичките партии имаат корист од нив, кога им е потребен нивниот глас, а ги нема кога треба истите да им понудат услови за подобар и поквалитетен живот.
Следејќи го Европскиот пример на организирање на ваков вид конференции, каде што и ние учествуваме со делегација од вкупно четворица претставници, од минатата конференција го отворивме и процесот на демократска дебата со претставници од институции, политички партии и невладиниот сектор, кој во суштина треба да го означи стартот на реалното соочување со проблемите и преземање на одговорноста за решавање на истите. Но, морам и овде да потенцирам дека немаше голем интерес за присуство од страна на одговорните креатори на политики, што укажува на фактот погоре дека нашиот народ е заборавен од тие што треба да го претставуваат и воедно да се трудат да ги задоволатнивните потреби, дали навидум или навистински сме заборавени оставам да процените самите.
Годинашната конференција на Македонската платформа против сиромаштија „Сите сме подеднакво важни“, покрај ревидирањето на старата и надополнување на новата декларација, се отворија четири работни групи и тоа: младинска сиромаштија; вработени, а сиромашни; здравствена и социјална заштита и достоинствена старост.
Вработените се сиромашни затоа што мизерната плата од 9.500 не е доволна само за режиските трошоци, а не па за нормален и квалитетен живот. Кај вработените се прекршуваат сите работнички права, несоодветни услови за работа, работно време, односно ниту еден став од законот за работни односи не се почитува.
Како и секогаш проблемите исти, ништо не се мрднало во последните четири години, тапкаме и тапкаме во место, проблемот со сиромаштијата остана на исто ниво како и пред четири години.
Младинската невработеност е енормно висока (47 отсто), младите се сиромашни и заборавени, нивните потреби се занемарени во целост, а младите својата перспектива ја гледаат во другите европски држави и аплицирање за бугарски пасош.
Вработените се сиромашни затоа што мизерната плата од 9.500 не е доволна само за режиските трошоци, а не па за нормален и квалитетен живот. Кај вработените се прекршуваат сите работнички права, несоодветни услови за работа, работно време, односно ниту еден став од законот за работни односи не се почитува.
Возрасните се чувствуваат доста неинформирано и искористени бидејќи се прашуваат само кога се најпотребни.
И од тука можеме да заклучиме дека немаме квалитетен систем за социјална заштита, односно сиромашните граѓани немаат финансии да ги платат сите здравствени прегледи, социјалната помош задоволува само неколку дена. Ние стануваме од ден на ден сè посиромашни, го допираме дното и стануваме сè подепресивни и угнетени од ваквиот систем.
Треба одговорните носители на одлуки еднаш засекогаш да научат да го слушаат гласот на граѓанинот, своите програми да ги креираат според потребите на граѓаните кои во суштина треба да ги задоволат и решат сите овие приоритетни проблеми од Декларацијата.
Како нашиот народ преживува од први до први не треба ни да замислите, само треба овие наши политичари еден ден да се стават во чевлите на сиромашните и на своја кожа да ја почувствуваат сиромаштија и проблемите со кои се носат нашите граѓани.