На 11-ти јули 1995-та година, силите на босанските срби, предводени од Ратко Младиќ, влегоа во Сребреница и убија околу 8 илјади муслимани. Геноцидот се случи и покрај тоа што Сребреница беше сметана за безбедна зона, под контрола на холандските сили на УНПРОФОР.