Достапни линкови

Сè повеќе деца со говорни проблеми


За надминување на говорните проблеми со децата неминовнио е да работи дефектолог логопед, но и родителите, семејството.

Бројот на децата со проблеми во говорт се зголемува во Куманово. Причините се различни, а периодот на оспособување на овие деца за секојдневниот живот и за образование е макотрпен и долготраен. За надминување на говорните проблеми со децата неминовнио е да работи дефектолог логопед, но и родителите, семејството.

Откако ќе се роди детето, првите контакти со мајката се до три години, контактот со мајката и со родителот треба да биде око во око. Зборување уште од малечко, да му се гука. Детето се раѓа без информации.Тие информации му ги ставаат прво родителите.
Романа Орозовиќ дефектолог логопед во училиштето „Браќа Миладиновци“ во Куманово.

Романа Орозовиќ дефектолог логопед во училиштето „Браќа Миладиновци“ во Куманово вели дека денешните деца на извесен начин се запоставени, но има и такви кои се раѓаат со овие аномалии.

„Откако ќе се роди детето, првите контакти со мајката се до три години, контактот со мајката и со родителот треба да биде око во око. Зборување уште од малечко, да му се гука. Детето се раѓа без информации.Тие информации му ги ставаат прво родителите.“

Брзиот живот на родителите доведува до тоа што првото она што тие ќе му го дадат на детето за да биде мирно се телефоните, или вклучените тв екрани. Тоа не може да го развие мислењето кај детето, вели Орозовиќ. Од нејзиното три децениско искуство во времето на нејзините почетоци на работа со децата до сега разликата е голема. Во тоа време родителите допрва осознавале што е логопед, за разлика од сега, кога се чини секое второ дете има некаков проблем. Од полесните до најтешките.

Нејзините препораки до родителите се децата да не ги препуштаат на технологијата и да не ги оставаат сами на себе.

„Децата сега сè повеќе се внатре. Нема играње, мисловни игри, нема развој на мислењето. А сите сензорни центри треба да се развиваат подеднакво. Играта на децата е многу битна, скокањето, рипкањето, играњето надвор.“

И покрај то што ова е сериозен проблем кај децата, Орозовиќ додава дека од здравствени причини одземање на говорот се јавува и кај повозрасните. И тие имаат потреба од работа со логопед.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG