Достапни линкови

Итен самит на еврозоната за Грција


Итен самит на еврозоната за Грција
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:39 0:00

Итен самит на еврозоната за Грција

За понеделник е најавен итен состанок на лидерите на еврозоната во обид да спречат банкрот на Грција каде што граѓаните забрзано ги повлекуваат парите од банките. До ова доаѓа откако Атина и нејзините странски кредитори се уште не можат да се договорат околу грчкиот долг. Растат и шпекулациите дека Грција ќе бара пари од Русија.

Министрите за финансии на 19 земји од еврозоната не успеаа да постигнат напредок во договорот „пари за реформи“ само десетина дена пред Грција да исплати дел од долгот кон Меѓународниот монетарен фонд.

„За жал премногу е мал направениот напредок. Нема договор на повидок“, оцени претседателот на еврогрупата Јерен Дијселблем, наведувајќи дека Грција мора да поднесе нови предлози.

Во меѓувреме, Европската централна банка соопшти дека не е јасно дали грчките банки ќе работат в понеделник поради забрзаното повлекување на пари од страна на грчките граѓани.

Грчките штедачи од понеделникот до средата од банките повлекле околу 2 милијарди евра, што е двојно повеќе од сумата што Европската централна банка им ја гарантира на банките во Грција.

Повлечените средства претставуваат околу еден ипол насто од вкупните депозити на граѓаните и на фирмите што ги имаа грчките банки до крајот на април.

Грчките штедачи од понеделникот до средата од банките повлекле околу 2 милијарди евра, што е двојно повеќе од сумата што Европската централна банка им ја гарантира на банките во Грција.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, соочен со најновиот развој на ситуацијата, веднаш свика самит на еврозоната за в понеделник наведувајќи дека е неопходен натамошен дијалог за решавање на разликите.

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис ги обвини европските лидери поради тоа што не сакале да ги разгледаат неговите предлози за надминување на проблемот.

Тој одби да го коментира забрзаното повлекување на парите од грчките банки.

Премиерот Алексис Ципрас кој беше избран со ветување дека ќе им стави крај на строгите мерки за штедење сега се соочи и со предупредувањето од грчката Централна банка дека на земјата и се заканува економска катастрофа доколку ја напушти еврозоната.

Деновиве грчката влада соопшти дека нема пари да го врати долгот спрема ММФ што всушност е само прв од серијата долгови што треба да бидат исплатени до крајот на летото.

Најновата посета на Ципрас на Русија иако таа беше планирана од порано за да учествува на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург е втора од април годинава и ги зголеми шпекулациите дека Грција би можело да побара заем од Русија.

Но, таквите шпекулации ги отфрлирускиот министер за финансии Антон Силуанов. Тој рече дека Грција официјално нема побарано финансиска помош од Русија, но и отиРусија нема средства за тоа.

Деновиве германскиот канцелар Ангела Меркел изрази увереност се уште е можен договор со Грција.

Меркел се соочува со растечки отпор кај нејзините конзервативци за дополнителна помош на Грција. Мнозинството Германци пак се за излегување на Грција од еврозоната.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG