Прашањето дали некаква преодна или техничка или каква и да е друга влада да ги организира следните парламентарни избори или не, како и другите теми во врска со политичката криза во државава обработени во редакцијата на Радио Слободна Европа на македонски јазик, ги предизвикало редовните Пиле од Скопје и Миле од Охрид на нашата веб-страница да ги испратат своите видувања, но и да развијат своевидна полемика.
Каква и да е влада се избира во Собранието, а СДСМ го нема во него.коментар од читател.
Инаку, по прашањето преодна или техничка влада, Анонимен смета дека „каква и да е влада се избира во Собранието, а СДСМ го нема во него“. А и да има негови пратеници, вели, „важно е дали ќе имаат мнозинство“.
Пиле смета дека за да се средат работите со распуштање на Парламентот, со избирачкиот список и со прогонот од страна на Груевски на оние што не мислат како него се потребни најмалку две години на некоја влада со широки овластувања, а сè друго би било мачкина кашлица и продолжување по старите форми и методи, додава.
Потребни се најмалку две години на некоја влада со широки овластувања, а сè друго би било мачкина кашлица и продолжување по старите форми и методи.коментар од читател.
Миле од Охрид вината за ситуацијата во државава и за, како што коментира, штетата направена врз Република Македонија, ја фрла врз ЕУ и нејзиното неодговорно однесување.
По неделното интервју на универзитетскиот професор Гордана Попсимонова, Миле од Охрид напишал дека е „важна борбата за разобличување на погубните барања за октроирање на власт без избори (со насилство или уцени или со притисок однадвор)“. Пиле го потсетува Милета на многубројните инциденти за време на предвремените избори во 2011 година, што го докажуваат, вели, и објавените аудио-снимки меѓу Јанкулоска, Мијалков и Јанакиески. Пиле, исто така, коментира дека ВМРО и ДУИ збратимени ја рушат куќата на Република Македонија, а ирелевантно е дали тоа е со долготрајни софистицирани методи на диктатура или со контролиран конфликт за да го прикријат мноштвото недела и злото нанесени врз македонските граѓани.
По информацијата за првичниот договор што во Скопје го потпишаа партиските лидери со посредство на еврокомесарот Хан, Миле од Охрид напишал дека „се крои нов документ за пуштање на лошите духови спакувани во Охридскиот договор од 2001 година за капитулација и окупација на Македонија“. Спротивно од него, Пиле очекува, доколку Груевски не се обврзал дека до конечниот договор неговата влада ќе функционира само технички и дека ќе ги ослободи протестантите и другите политички затвореници, нови апсења и пресуди за заплашувања.
На друго место на нашата веб-страница, Миле од Охрид се жали дека нашава редакција не му ги објавувала комплетно коментарите и мисли дека Пиле е лично огорчен па немал капацитет да размислел и да се врател на патот на европските стандарди и принципи.