Достапни линкови

Неутралци, не дејствувате партиски, дејствувате политички


Димитар Ванчов, МОФ.
Димитар Ванчов, МОФ.

Обидувајќи се да се тргнеме од партиите, дозволуваме суштината да ни избега. Да беше жив Аристотел би се згрозил од ситуацијата во која се наоѓаме. Сигурно малку ќе му беше цела книга да каже дека сите луѓе се „Zoon politikon“, a не дека сме „Zoon politicapartis“, пишува Димитар Ванчов од МОФ во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Бидејќи се наоѓаме во „денови на искушение“ би сакал да се осврнам на турбулентната ситуација во Македонија после неколку настани битни за политичката ситуација и да направам summa summarum за моето лично видување на моменталната состојба.

За мене многу значајно е дека прв пат на 17-ти мај видов македонски и албански знамиња како едно до друго се веат низ скопските улици. На протестот присуствуваа средношколци, студенти, граѓани, кои не се партиски определени и не се граѓански активисти, но се „политички суштества“ ( Zoon politikon).

Во Македонија се наоѓаме во фаза на протести, контра-протести, кампови, контра-кампови, акција и контра-акција. Наместо контра-акција, потребна е реакција која ќе резултира во решавање на политичкиот ќор-сокак и политичката криза во Македонија. На Македонија ѝ е потребно решение со кое државата повторно ќе биде стабилна, силна, транспарентна, слободна земја која ќе почива врз принципите на демократија, владеење на правото, почитување на правата на сите граѓани од различни заедници и повторно ќе ја врати нашата мала „државичка“ на патот кон евроатланските интеграции.

Сведоци сме на една нова историја, на скоро одржаниот натпартиски и граѓански протест, од размер каков што немало досега. Испратената порака до македонската јавност и до меѓународната заедница е јасна и силна - дека македонските граѓани се спремни за 21 век и дека сакаат слободна и демократска држава каде што ќе има соживот и којашто ќе почива врз темелите на уставниот поредок. Вториот важен настан, митингот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, или таканаречениот контра протест, испрати порака за националистичка, патриотска, ксенофобична Македонија.

За мене многу значајно е дека прв пат на 17-ти мај видов македонски и албански знамиња како едно до друго се веат низ скопските улици. На протестот присуствуваа средношколци, студенти, граѓани, кои не се партиски определени и не се граѓански активисти, но се „политички суштества“ ( Zoon politikon). Бидејќи, според Аристотел, природата на човекот е социјална. Тој што може да опстане сам е или ѕвер или бог. Државата постои затоа што луѓето имаат и практична и морална потреба да живеат во заедница (читај соживот) со другите луѓе. Па, така, потребно е да дејствуваме заедно, но при тоа треба да се ослободиме од стравот на етикетирањето и стереотипизацијата, бидејќи тоа нè држи подалеку од партиските случување, но и од нашето право на политичко дејствување.

Кога беа протестите за убиството на Мартин Нешковски, додека чекоревме низ улиците на Скопје, најголемиот транспарент беше НИЕ НЕ СМЕ ПАРТИЈА. Според мене жален и непобитен факт беше тој транспарент кој го отсликуваше цело наше некритично општество. Обидувајќи се да се тргнеме од партиите, дозволуваме суштината да ни избега.

Да беше жив Аристотел би се згрозил од ситуацијата во која се наоѓаме. Сигурно малку ќе му беше цела книга да каже дека сите луѓе се „Zoon politikon“, a не дека сме „Zoon politicapartis“.

Да беше жив Аристотел би се згрозил од ситуацијата во која се наоѓаме. Сигурно малку ќе му беше цела книга да каже дека сите луѓе се „Zoon politikon“, a не дека сме „Zoon politicapartis“.

Ако самата идеологија на тогашната Внатрешна македонска револуционерна организација преку Крушевскиот манифест ја анализираме, тогаш можеме да заклучиме дека таа се бори за еманципација на македонскиот народ и ги повикува на помош и соживот сите луѓе „без разлика на вера, народност, пол и убежденија“ и ги кани сите заеднички да се изборат за право, слобода и за човечки живот.

Сметам дека секој треба да си ја сака и почитува својата држава и треба сите да сме горди што живееме во една земја богата со историја и треба да целиме кон нејзино унапредување. Во изминативе години сите кои не се партиски определени или пак не се членови на владејачката партија беа обвинети дека не ја сакаат Македонија и не се грижат за нејзиниот просперитет. Но, се согласувам дека Македонија се сака со дела, а делата ги гледам во борбата за слобода, правда и демократија.

Не треба да се занимаваме со конструкција на идеална држава, туку само треба убаво и детално да ја анализираме постојаната реалност, да размислуваме критички и да бидеме многу претпазливи кога бираме каква идеологија сакаме да застапуваме и каква Македонија сакаме да видиме. Никогаш ова да не се повтори.

XS
SM
MD
LG