„Да, се чувствувам виновен и признавам дека учествував во толпа“. Ова беше краткиот одговор кој 9- те обвинети го дадоа пред Судот, по обвинението дека на 5-ти мај учествувале во толпа и физички се спротивставиле на полицијата, односно спречиле службено лице да си ја врши должноста.
Кратко по признанието, осуммина од нив се осудени на три месеци условна казна, која нема да се изврши доколку обвинетите во рок од една година не сторат друго кривично дело, а вујкото на Мартин Нешкоски, Горан Митановски е осуден на 10 месеци ефективна казна затвор поради тоа што и претходно бил осуден за слично дело со условна казна.
Кратко по признанието, осуммина од нив се осудени на три месеци условна казна, која нема да се изврши доколку обвинетите во рок од една година не сторат друго кривично дело, а вујкото на Мартин Нешкоски, Горан Митановски е осуден на 10 месеци казна затвор поради тоа што и претходно бил осуден за слично дело со условна казна.
Митановски пред Судот рече дека му е тешко и се чувствува оштетен поради целокупната ситуација и апелираше што побрзо да заврши постапката за да им се намали болката на семејствата на оштетените, алудирајќи на приведените.
Одбраната побара од судот казната наменета за Митановски да биде заменета со условна поради околностите. Неговиот адвокат Мирослав Вуиќ изјави дека има впечаток дека Митановски ја призна вината само за да не ја одолговлечи постапката и да бидат што е можно побрзо ослободени младите обвинети.
Знаете дека мерката притвор е најригорозна мерка и на овие млади луѓе самите видовте дека не им беше местото таму.Мирослав Вуиќ, адвокат.
„Тоа е мое лично мислење, меѓутоа од онаа фото-документација што ја видов, што постои во списите на предметот, нема толпа, дејствијата негови се само поединечни во моментот кога својата сестра ја брани, кој е тој што тоа не би го направил, па не знам дали се работи за полицаец, за униформирано лице, ако видите дека вашата сестра на пример е истуркана или туркана, меѓутоа тоа се работи кои во конкретниов случај не можевме заради овој закон за кривична постапка да ги утврдуваме. “
Тој додаде дека до сега Митановски веќе загуби два члена од фамилијата, по смртта на внукот Мартин, наскоро почина и неговиот татко.
Поголемиот дел од демонстрантите кои беа осудени денеска се студенти, од кои најмладиот има само 19 години и е студент во прва година. Одбраната на студентите посочуваше дека ниту еден од нив не бил претходно осудуван и дека тие прв пат биле во судир со законот. Еден од нив во завршните зборови посочи дека се кае за стореното дело, учество во толпа и дека наредниот ден откако завршија протестите на 5 ти мај, делел флаери против насилство и повикувал следните протести да бидат мирни.
Според новиот закон за кривична постапка, во судскиот процес не се разгледуваа докази за кривичното дело заради признанието на обвинетите.
„Знаете дека мерката притвор е најригорозна мерка и на овие млади луѓе самите видовте дека не им беше местото таму. За да го скратиме тоа, и под принуда некогаш се признаваат некои работи кои можеби не требаше или можеби требаше да се докажуваат во друга постапка. Очигледно е дека постои простор каде што ќе мора да се ревидира новиот закон за кривична постапка и вакви некои околности и инструментите на Јавното обвинителство да се скратат малку“ вели Вуиќ.
Најверојатно осумтемина осудени демонстранти уште вечерва ќе бидат пуштени на слобода затоа што со стапување на сила на условната казна се укинува мерката притвор. Тие поминаа речиси три недели во притвор. Денеска во судот беа седнати првата група на обвинети.
Во наредниот период уште две групи демонстранти ќе седнат на обвинителната клупа, од кои едната составена од четири лица на 2 јуни, а другата во која се обвинети пет лица на 3 јуни. И тие се товарат за кривичното дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“.Денеска Судот им го продолжи притворот на четворица од овие демонстранти.
Според обвинението, демонстрантите беа осудени поради физичко спротивставување на службени лица во рамки на толпа со фрлање камења и шишиња кон полицајците. Протестите на 5–ти мај беа поттикнати од објавените прислушувани разговори на опозицијата за кои тврди дека се водени меѓу владиниот врв за како да се заташка смртта на Мартин Нешкоски кој беше убиен на вечерта на изборната прослава на ВМРО-ДПМНЕ 2011 година.