Премиерот Никола Груевски се пазарел за уставното име на земјата и водел разговари и договори за идентитетстските прашања. Тоа премиерот го правел задкулисно со шефот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. Со ваква изјава лидерот на СДСМ Зоран Заев го започна објавувањето на првите нелегално прислушувани разговори во 33-тата таканаречена бомба на денешната прес-конференција.
Се пазарел и тоа како се пазарел Никола Груевски со уставното име на Република Македонија. Ова е моментот на големата вистина. Внимателно без да ги загрозиме државните и националните позиции на Македонија и без да ги загрозиме дипломатските односи со нашите партнери од меѓународната заедница, ќе ја споделиме вистината којашто имаат право да ја знаат граѓаните.Зоран Заев, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Се пазарел и тоа како се пазарел Никола Груевски со уставното име на Република Македонија. Ова е моментот на големата вистина. Внимателно без да ги загрозиме државните и националните позиции на Македонија и без да ги загрозиме дипломатските односи со нашите партнери од меѓународната заедница, ќе ја споделиме вистината којашто имаат право да ја знаат граѓаните“, рече Заев.
Првиот разговор што го објави Заев, е како што рече, меѓу тогашниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски и преговарачот за името Зоран Јолески во кој според Заев, се слуша како Јолески му признава на Милошоски дека медијаторот Метју Нимиц чувствувал дека бил исклучен од процесот на преговарање, во моментот кога се воделе овие тајни преговори.
Заев пред да го објави првиот разговор истакна дека аудио снимките не содржи информации од преговарачкиот процес што е под покровителство на Обединетите нации, туку конкретни докази за како што рече, класичнио подземно пазарање во коишто е инволвиран премиерот Никола Груевски со андерграунд посредници од негова доверба во Македонија и посредници од доверба од Грција.
„Сите шпекулации биле точни и кога излегоа информациите дека се водат тајни преговори, без знаење на граѓаните, за што предупредувавме и кога се пишуваше за тајни преговори што се одвиваат надвор од процесот доверен под покровителство на ОН. Тогаш кога Никола Груевски обвинуваше дека платеници, соросоиди заговараат промена на уставното име на Република Македонија. Е, токму тогаш навистина се правеле пазари, но, тие пазари ги правела власта“, вели Заев.
Тој истакна дека преку прислушуваните разговори ќе се дознаело кои биле вистински преговарачи за промена на името на државата и дека тоа не биле официјалните преговарачи на земјата во Обединетите нации, Никола Димитров или Зоран Јолески.
„За уставното име на Република Македонија под маса во тајни простории со познатиот грчки бизнисмен, бизнис партнер на Никола Груевски и неговиот братучед Сашо Мијалков, човекот кој преговараше за продажбата на рафинеријата ОКТА, по сите информации заштитниот сведок на власта кој го местеше Љубе Бошкоски дека наводно го продал името на државата, со тој човек, Емануел Малезис, познат како Маноли, преговарал кој друг, ако не лично Сашо Мијалков. Сашо Мијалков се пазарел за уставното име со грчкиот партнер Маноли“, рече Заев
Тој продолжи со објавување на нелегално прислушуван разговор меѓу премиерот Никоа Груевски, Антонио Милошоски и шефот на УБК Сашо Мијалков, во кој како што вели Заев тојцата разговарале преку интерфон.
„Во разговорот за уставното име на Македонија се збори буквално како на пазар. Да биде со загради, да биде со додавки, да биде, не со една, туку со две придавки што ќе ја задоволи грчката страна. Независна, Суверена, Вардарска, Горна, Северна... Со еден збор се договара име посложено и од референцата ФИРОМ со којашто се потсмеваше власта на Груевски, а со којашто Македонија стана дел од Обединетите нации“, рече Заев.
Тој, објавувајќи го третиот сет разговори, како што рече меѓу Антонио Милошоски и Зоран Јолески, истакна дека докажувале оти не е точно дека премиерот Никола Груевски не разговарал за идентитетските прашања и оти барал да се решат преку резолуција.
Заев објавувајќи го последниот разговор, како што рече, меѓу премиерот Никола Груевски и пратеничката Силвана Бонева, според лидерот на СДСМ се слуша како премиерот Груевски и признава на Бонева дека тој и шефот на УБК Сашо Мијалков прифатиле грчки предлог за името.
Заев изјави дека постојат уште десетици прислушувани разговори за името, но дека нема да ги објавува за да не се загрози преговарачкиот процес.
Во однос за утрешните најавени протести на опозицијата, Заев рече дека власта има лоша намера бидејќи иницира организирање на контрапротест на 18 мај на истата локација:
„Имаат намера да го прават таму каде што ние ќе останеме, а ние не си одиме“. Последене пат во вакви чувствителни ситуации целиот свет знае кој правел контрапротести. Тоа беше и во Србија, тоа беше и во Украина. Ако сака и дефинитивно да влезе и да ја потврди неговота еднаквост со диктаторите ширум светот, тоа конечно има можност да го направи токму на 18 мај. Се надевам дека тоа нема да се случи“, рече Заев.
Тој додаде дека утрешните протести ќе почнат и ќе траат се додека премиерот Никола Груевски не поднесе оставката, до формирање на преодна влада и предвремени парламентарни избори.
Тој соопшти дека со отворањето на протестите ќе запрат со објавувањето на бомбите, но дека тоа е пауза на бомбите, а не и крај.