Одамна ни е познато дека членовите на владеачката коалиција, посебно од страната на ВМРО-ДПМНЕ немаат никакви познавања ниту разбирања на дипломатскиот речник кој се користи од страна на Европската заедница и останатите меѓународни актери. Не само од почетокот на објавувањето на бомбите од страна на СДСМ туку и претходно, кога им било укажувано дека на македонската политичка сцена постои отсуство на механизмот „политичка и морална одговорност„ и дека секој учесник на таа сцена посебно од нивните редови треба да го практикува тој механизам.
За еден дипломат да ви испрати порака користејќи директен речник, без политички коректни изрази и фрази за кои треба да читате меѓу редови, треба да покажете максимално ниско ниво на политичка култура и одговорност.
Нивното разбирање на тој механизам автоматски се изедначува со предавство и политичко самоубиство. Ни по цена на уништување на угледот на партијата или функционерот, нема да се признае партиска или грешка на индивидуалец, а уште помалку да се поднесе оставка која е фактички практикување на механизмот на политичка и морална одговорност. Гордоста, самозаљубеноста, целосното отсуство на морал и почит кон граѓаните кои гласале за нив, со создава одност на политичарите кон преземањето одговорност затоа што тоа за нив не е должност туку акт на политичко самоубиство, слабост, неспособност.
На минатонеделното предавање на тема „Интегративниот процес на земјите од Западен Балкан во поглед на актуелните економски и политички предизвици на ЕУ“ одржано на Правниот факултет „Јустинијан Први„ Скопје во организација на фондацијата Конрад Аденауер, германската амбасадорка поред своите излагања на темата, јасно кажа дека за да се реши политичката криза во земјата потребни се оставки. А, од кого оставки, нормално дека е се знае кој треба да даде оставка. Тие што ја водат државата.
Политичката некултура и безобразие не се создаваат само кога се доаѓа на власт, тие се одгледуваат од самиот карактер на нивниот носител, воедно поттикнати од партијата во која членува.
Ваквиот недипломатски речник кој го употреби нејзината екселенција, госпоѓата Алтхаузер е исто така понижување за тие за кои се однесува. За еден дипломат да ви испрати порака користејќи директен речник, без политички коректни изрази и фрази за кои треба да читате меѓу редови, треба да покажете максимално ниско ниво на политичка култура и одговорност. Треба да се однесувате безобразно, некултурно, безчувствително, себично, просто и необразовано. Но, не во буквална смисла на зборот, туку да се однесувате така во политиката. Како се да е ваше, како државата и нејзините институции да се ваша лична сопственост, двор од куќата во кој можете да правите што сакате. Копате, рушите, корнете дрвја, уништувате, градите без дозвола, убивате се живо што ви пречи. Таквото однесување кое го гледаме од времето на почетокот на владеењето на најдеструктивната партија во поновата македонска историја, ДПМНЕ, не доведе до ситуација во која самиот народ се срами од своите политичари кои еднаш дојдоа на власт по негова заслуга, а останатите предвремени избори ги украдоа од народот. А тие политичари пак добиваат не предупредувања туку тешки политички шамари од дипломатските претставници во земјата, но и тие кои доаѓаат од странство само за да го решат проблемот кој самите локални политичари го создале.
Политичката некултура и безобразие не се создаваат само кога се доаѓа на власт, тие се одгледуваат од самиот карактер на нивниот носител, воедно поттикнати од партијата во која членува. Кога тие негативни карактеристики ќе се надоградат со голема моќ која ја дава функцијата, добиваме монструозен клептоман и патолошки лажго облечен во костум. А таквите само шамари без ракавици можат да ги воспитаат и отстранат од фотељите кои не се за нив.