Поразувачки се податоците за падот на слободата на печатот на Македонија, а позицијата од 125 место е срамна за нас, вели долгогодишниот новинар Ерол Ризаов, коментирајќи го најновиот извештај на Фридом хаус за слободата на печатот.
Сега кога ни кажуваат дека сме последни на Балканот на оваа ранг листа на Фридом хаус не само што е загрижувачка, туку е деградирачка и срамна за целото општество.Ерол Ризаов, новинар.
„Сега кога ни кажуваат дека сме последни на Балканот на оваа ранг листа на Фридом хаус не само што е загрижувачка, туку е деградирачка и срамна за целото општество, особено за политичкиот и државниот врв, за интелектуалните елити, за новинарите, а најоштетена е јавноста бидејќи за да дојдете до вакво дереџе мора да се случиле некои страшни процеси во општеството, од лимитирање на јавниот збор, односно на новинарите, до она што значеше драконски казни за луѓето што различно мислат од власта и критички опсервираат и до затворање и притворање на новинари и слични ситуации на кои практично и навикнавме и што е најстрашно не се ни вознемируваме“, изјави Ризаов.
Граѓански се појави и после една година за жал беше принуден да згасне, зашто немаше пазарни услови да се бори со квалитет. Од друга страна, имаше протекционизам и преку ноќ се појави весник од Белизе кој слушаме од телефонските разговори на опозицијата дека министерствата имаат наредба да купуваат максимално примероци од тој весник.Ида Протуѓер, новинарка.
Граѓански се појави и после една година за жал беше принуден да згасне, зашто немаше пазарни услови да се бори со квалитет. Од друга страна, имаше протекционизам и преку ноќ се појави весник од Белизе кој слушаме од телефонските разговори на опозицијата дека министерствата имаат наредба да купуваат максимално примероци од тој весник.
За жал, тој вели дека не гледа излез од оваа ситуација и по 40-годишен стаж во новинарската професија, оти, според него, власта немала демократски капацитет за да ги направи потребните промени.
И новинарката Ида Протуѓер не е изненадена од податоците во последниот извештај на Фридом хаус, зошто, според неа, веќе подолго време македонските новинари се соочуваат со намалување на слободата. Не е важно колку места подолу ќе бидеме кога се движиме од делумно слободна во неслободна земја според слободата на печатот, вели Протуѓер.
„Конкретно јас сум една од тие медиуми за кои Фридом хаус пишува дека биле опозициски настроени и згаснале. Граѓански се појави и после една година за жал беше принуден да згасне, зашто немаше пазарни услови да се бори со квалитет. Од друга страна, имаше протекционизам и преку ноќ се појави весник од Белизе кој слушаме од телефонските разговори на опозицијата дека министерствата имаат наредба да купуваат максимално примероци од тој весник. Значи во такви непазарни услови едноставно не може ниту еден медиум да функционира врз основа на пазарни услови“, вели Протуѓер.
Комуникологот Сефер Тахири вели дека главните фактори за ваквата поразителна позиција за слободата на печатот во земјава се владиното финансирање на одредени медиуми и мешањето во нивната уредувачка политика.
„Јасно е дека кога имате економско влијание врз медиумите, тогаш медиумите се претвораат во политички слуги, а не слуги на јавноста. Уште еден фактор за оваа ситуација е нетрансформирањето на јавниот сервис кој продолжува да е во служба на власта и политиката, а не на граѓаните и јавноста“, изјави Тахири.
Инаку, Македонија покажа најлош резултат на Балканот во однос на слободата на печатот, а во последните пет години таа бележи пад од 10 индексни поени, се наведува во најновиот извештај на Фридом хаус. Меѓу другото се наведува дека неколку опозициски настроени медиуми биле принудени да се затворат, а новинарот Томислав Кежаровски останал во притвор во текот на 2014 година, поради, како што се наведува, сомнителни обвинувања за откривање на идентитет на заштитен сведок во случај на убиство.