Достапни линкови

Oпштините имаат проблеми со транспарентноста


На скалата од еден до десет, просечната оценка за земјата е 3, 53, а како најтранспарентна општина е оценета Стримица, покажало истражувањето на Центарот за истражување и креирање политики.

Просечниот резултат што го постигнале општините во Македонија е 3,53, а нема ниту една општина која покажала резултати за да биде вброена во групата на општини со одлично владеење, покажува истражувањето што по Лотос методологијата го спроведе Центарот за истражување и креирање политики.

Најдобар остварен резултат во рамки на ова истражување е 8, 48, ова укажува на тоа дека има огромен простор за подобрување на доброто владеење на локално ниво и исто така има потреба од намалување на разликата меѓу најдобро остварениот резултат и просекот на сите општини.
Александар Цеков, Центар за истражување и за креирање политики.

На листата на најтранспарентни и најотчетни општини, Струмица има најголем просек од 8,48 проценти, а по неа следат Скопје, Струмица, Велес, Илинден, Охрид, Битола, Карпош, Богданци и Штип.

Најлошо рангирани се Зелениково, Зрновци, Студеничани, Чучер Сандево, Ново Село, Брвеница, Шуто Оризари, Старо Нагоричани и Градско, изјави Александар Цеков од Центарот за истражување и за креирање политики.

„Индексот за добро владеење на локално ниво го мери владеењето на скала од 1 до 10. Половина од пилот општините, односно 53 проценти од 43 општини колку што беа вклучени во истражувањето имаат резултат под просечните 3, 53. Најдобар остварен резултат во рамки на ова истражување е 8, 48, ова укажува на тоа дека има огромен простор за подобрување на доброто владеење на локално ниво и исто така има потреба од намалување на разликата меѓу најдобро остварениот резултат и просекот на сите општини“, вели Александар Цеков од Центарот за истражување и за креирање политики.

Истражувањето за првпат е реализирано во Македонија, во рамки на проектот „Размена на најдобрите ЕУ практики за следење на корупцијата на локално ниво“, финансиран од Европската унија.

„Кај нас просекот е 3, 53, а просекот на скала од 10 би требало да биде 5, значи ние сме многу слаби во просек, тоа не е случај во Хрватска, таму беше над 5“, изјави Марија Ристеска, извршен директор на Центарот за истражување и креирање политики.

Лотус методологијата е преземена од Хрватска каде истражувањето со спроведува континуирано секои две години од 2009 година. Во Македонија методологијата ја спроведе Центарот за креирање политики во соработка со Гоног од Хрватска.

„Најголеми исчекори се случуваат во постапката на пристапување кон ЕУ. Тоа не зборува дека тој процес повеќе беше сфатен формално отколку што се сакаше да се направат вистински чекори во квалитетот на управување“, изјави Нивес Миошиќ Лисјак од „Гонг“.

Во групата добро управувани општини има локални самоуправи кои се рурални и такви кои се урбани, така што степенот на развиеност на општината не влијае многу за доброто владеење. Истакна Ристевска. Исто така, анализата покажува дека буџетот кој општината го има на располагање во однос на бројот на жители нема голема улога во доброто управување.

Пример за тоа, според истражувањето е општина Богданци.

Центарот за истражување и креирање на политики планира истражувањето да го спроведува секоја втора година, а од следната ќе бидат опфатени сите општини во државата.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG