Новинарските екипи денеска беа спречени кај браната Липково да одат до караулата во Гошинце поради како што рече полицијата безбедносни причини. Во меѓувреме и две возила на ОБСЕ исто така не отидоа кон селото. Конвој полициски возила пак попладнево се упатија кон Гошинце.